БОГ ПОСТОИ (Старец Порфириј од – „Срце за целиот свет“)
Еден ден долго разговарав со Дедичко за теми од психологијата и за тоа колку влијаат емоциите (на пример, радост, тага итн.) на човечкото однесување, кои, како што истакнуваше старецот, може да предизвикаат потиснување на желбите или нивно зајакнување, во зависност од тоа што содржат емоциите, односно дали се пријатни или непријатни.
А како пример (Старецот Порфириј) ми го раскажа следното случување:
„Пред многу години во ист манастир со мене беше еден мој духовен син.
Беше многу помлад од мене, а беше професор по богословија.
Секојдневно разговаравме за сите прашања кои имаат врска со религијата и за проблемите кои можат да произлезат од нив.
Но, еден ден професорот го отвори прашањето за постоењето на Бога.
Бидејќи тоа прашање го исцрпивме од сите страни, а јас му дадов опширни докази, па заедно дојдовме до заклучок дека Бог постои, младиот професор одненадеж се сврте и ми рече:
„Се што ми рече, оче точно е, и двајцата веруваме дека Бог постои.
Но, те молам, вети ми дека кога ќе умреш ќе дојдеш да ми кажеш дека Бог навистина постои“!
Јас го прашав зошто е толку сигурен, дека јас ќе умрам пред него.
А младиот професор ми одговори дека тоа се подразбира, зашто јас сум дупло постар од него.
Но, јас со Божјата благодат, знаев дека тој ќе умре пред мене и тоа многу брзо, но, сепак му ветив дека ќе дојдам за да му кажам дали Бог постои или не.
Но, тоа истото го побарав и од него, во случај тој прв да умре . „Ти ветувам оче, “ рече, и се ракувавме во знак на договор дека ќе го одржиме ветувањето.
Набрзо потоа професорот мораше да си замине од манстирот и да слезе во градот, зашто доби работа во некоја гимназија.
Не помина ни цела година откако си дадовме ветувње и еден ден, кога нашата црква слави еден од двата големи празника (Велигден или Божиќ, не се сеќавам точно), во манастирот се подготвуваше богата празнична трпеза и сите едвај чекавме да јадеме.
Тој ден, сите имавме зголемен апетит по долготрајниот исцрпувачки пост.
На изненадување на сите, дојде едно момче од селото и ни соопшти дека умрел младиот професор!
Сите останавме без зборови и никој не пружи рака да земе и да касне нешто од богатата празнична трпеза.
Каде отиде сиот тој апетит? Исчезна.
Гледаш ли, Анаргире, каков може да биде ефектот од една неповолна вест?
Човечката душа не може да се доистражи чедо мое. Таа е комплицирана како пајакова мрежа и само оние кои се наоѓаат во Божја близина може да ја читаат.