„…Апостолите ја почитувале и ја исполниле и оваа
заповед Христова.

Како што гледаме од Делата апостолски, тие со божественото име на Господ Исус Христос веќе чинеле големи чуда:

исцелувале неизлечливи болни, воскреснувале мртви, им заповедале на бесовите,
изгонувајќи ги од луѓето опседнати со нив.

Исполнети со Светиот Дух, без однапред да се подготват, просветлени одговарале сведочејќи пред судиите пред коишто биле обвинувани.

Запрашани и испитувани од Синедрионот
„со каква сила и во чие име го направивте ова?“, преку
Петар исполнет со Духот Свет, го дале одговорот:

„Нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски,
дека во името на Исус Христос Назареецот, Кого вие
Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, овој

стои пред вас здрав…

Зашто, под небото нема друго
име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“
(Дела 4: 7, 10, 12).

Сите овие чуда ги правеле пред сè откако ја почувствувале чудесната сила на името Исусово
во своето срце.

А и не може поинаку, бидејќи овие два
дара – умносрдечната молитва и творењето чудеса –
се неразделно поврзани.

Сходно со својот личен опит,
светиот апостол Павле повикува:

Молете се непрестајно.

Преданието на Исусовата молитва никогаш не
престанало низ вековите, од апостолските времиња до
денот денешен.

Со Неговото име светите маченици ги претрпувале маките.

Со Неговото име светите Отци ја
населувале пустината.

Од Египетската пустина и Палестина, преку Мала Азија и Света Гора во Македонија
и на Балканот, сè до Русија, и денес во Америка.

Обновата и заживувањето на монашкиот живот и денес,
како и секогаш, се темели врз обновената пракса на
евхаристискиот и исихастичкиот живот во парохиите и
манастирите…
Извадок од книгата: Школа за исихазам
О с н о в н а
Митрополит Наум

Претходна статијаНедела осма по Духовден – Чудесното умножување на лебот
Следна статијаНЕДЕЛА ПЕТТА по Педесетница (.„И Он им рече: »0тидете!« И тие излегоа и отидоа во свињите.)