“Главната грешка на лозарите, т.е. на сите што неправедно држат високи позиции на власт, е тоа што тие го одгледуваат лозјето, т.е. доверениот народ, на таков начин што луѓето да им носат плодови кои не – Бог, туку нивните страсти ги задоволуваат;

не да даваат, туку да земаат.

Ова евангелие е уште едно сведоштво за погрешната административна организираност и на црковната заедница, ништо подобра од старозаветната, која секогаш има тенденција да ги отстрани или убие Божјите пророци, па дури и Самиот Син Божји – Богочовекот Исус Христос; секој еден што ќе им проговори вистина.

Но, и последиците се многу лоши:

„Што ќе направи, пак, господарот на лозјето?

Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други“.

Кои се тие други лозари?

Тоа се оние лозари кои на Бог Му ги принесуваат барем некои од основните човечки дарови, на пример:

луѓе коишто си помагаат меѓусебно во семејството и во родот;

кои ги помагаат едноверните браќа и сестри;

кои не си ги убиваат своите неродени деца уште во мајчината утроба и кои се размножуваат („Плодете се и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа…” – 1 Мој. 1, 28).

Треба ли тие, други лозари, да имаат и вистинска вера? Не! Вистинската вера е својство на духовната надградба.

Доволно им е да ги принесуваат само некои од основните човечки дарови.

„И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа“.”

http://www.mpc.org.mk/pouka.asp
Коментар на денешното евангелско четиво: