БЛАГОСЛОВОТ ШТО ИЗВИРА ОД СРЦЕТО, Ε БОЖЕСТВЕН
БЛАГОСЛОВ

Сега и јас да ви дадам една… „клетва”!

Нека Бог ги преисполни вашите срца co добрина и co Својата обилна љубов сѐ додека не „збрливите, побудалете”, за вашиот ум да се воздигне од земјата, и отсега да престојува близу до Него, на небото.

Да „збрливите и побудалете” од божествената занесеност co Божјата љубов!

Бог да ги распали вашите срца co Својата љубов!

Другпат не принудувајте ме да го повторам истово затоа што… мојата /добра/ „клетва” се остварува, затоа што излегува од срцето.

И кога бев в болница, се сожалив на вас.

Некои сестри чекаа осум години. „

Ќе основаме манастир”, велеа, но манастирот никако да се основа

Паднаа co духот. Тогаш им реков:

„Штом излезам од болница, манастирот ќе никне како печурка. За една година ќе бидете во манастирот”.

И навистина, за една година се изгради манастирот!

Тогаш го реков тоа од сето свое срце. Вие имавте добро настроение и Бог не ве остави; ова не може да се објасни поинаку!

 

Кога сострадаш co смирен човек и ако од срце се молиш, на пример, за една страст што го мачи, и ако му речеш:

„He плаши се, ќе биде подобро”, му даваш божествен благослов

. Bo себе носи многу љубов, болка и затоа се остварува. Угоден му е на Бога, и Бог го исполнува благословот.

Значи, и самата болка што некој ја чувствува за некого е – благослов.

 

Bo една прилика, кога бев војник, командантот ме испрати да го исполнам заветот во црквата посветена на свети Јован Претеча зашто тогаш, во војната, светителот ни помогна.

Требаше да купам два свеќника за црквата, а воедно да испратам некој војник до воениот суд во Навпакт.

Некои тогаш му рекоа на командантот:

„Е, токму си нашол вистински човек да го предаде!”

A кутриот човек беше по потекло од Епир, сиромашен музичар, оженет, имал и деца, а беше осуден затоа што сакаше самиот себеси да се повреди за да ја избегне војната.

Си мислел: „Подобро да имам една нога отколку да загинам”.

Стигнавме во Агринио; тој таму имаше некои познати.

– Ајде да одиме да ги видиме – ме замоли.

– Да одиме – му реков.

„Да одиме ваму, да одиме таму”, што да правам, одев и jac co него. Голема мака!

И никако не сакаше да го предадам. И јас страдав co тој бедник. Страдав многу поради него, па еднаш му реков:

 

– Ќе видиш, ти ќе поминеш подобро од сите нас!

Командантот ќе испрати некое писмо, ќе ти даде некоја служба за да можеш да им помогнеш на своите деца и ќе бидеш обезбеден во животот.

Конечно, кога сгигнавме во Навпакт, дознавме дека командантот испратил писмо и тој беше оспободен, а требаше да биде стрелан.

Во време на војна, законите се строги.

Командантот се сожалил на него затоа што имаше семејство и го поставија за готвач во транзитен центар.

Го пресели и семејството да биде близу до него и во животот помина подобро од сите.

Бидејќи војниците не одеа секогаш во центарот да јадат, остануваше храна, така што co тоа ги хранел и своите деца.

Подоцна му велеа:

„Помина подобро од сите нас”. Бидејќи ние бевме гope, во планината, на снег.

На Бога му беше угодно она што му го реков како благослов, затоа што го реков co болка, од сето срце и затоа Он и го оствари тоа.

 

Се сеќавам, повторно, на еден друг случај кога бев во Коница, во манастирот Стоми.

По празникот Рождество на Пресвета Богородица, осми септември, поклониците оставија неред зад себе.

Додека средував нешто, забележав дека мојата сестра и уште една девојка останаа да чистат. Девојката имала две сестри, едната била помлада од неа и двете се омажиле, а таа сѐ уште била немажена. Каква ревност имаше!

Останаа и сѐ средија.

Накрај. таа ме праша:

„Оче, дали е потребно да останеме уште нешто да направиме?” ,,Колкава ревност и усрдност” – помислив во себе.

Отидов в црква и се помолив од сето свое срце:

„Мајко Божја. погрижи се Ти за неа.

Јас немам што да ѝ дадам, а и кога би имал, таа не би го примила тоа”.

Ε, кога се вратила дома, таму ја чекал едно многу добро момче, co кое бев во војска, вистинско злато и тоа од добра фамилија.

За среќа, се венчаа! Ете, така ѝ платила Пресвета Богородица!

Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаДОЈДЕ ВО ЕРУСАЛИМ ВО ВИД НА СЛУГА! ХРИСТОВОТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ (Јеротеј Влахос)
Следна статијаДецата нека ја засакаат Црквата!