Дарот на плач и солзи – свети Игнатиј Брјанчанинов
„Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји.
Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение.
Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак на веќе прифатено покајание или на покајание кое се усвојува.
Маките и болките на покајанието содржат во себе семе на утеха и исцеление.
Таа тајна преку плач му се открива на покајникот.
Сите монаси кои се очистиле од гревовите, се очистиле преку плач, и сите оние кои достигнале христијанско совршенство, го достигнале со плач.