ЧОВЕЧКАТА СЛАБОСТ СЕ ОЦРТУВА НА ЛИЦЕТО
– Каква е разликата помеѓу злото и човечката слабост?
– Злото е својство на срцето, додека човечката слабост може да биде слабост на волјата, душевна слабост или слабост на нервниот систем. Мора да се прави разлика помеѓу духовните и емоционалните особини.
– Што е слабост на волјата? Кои се нејзините одлики?
– Слабоста на волјата се препознава по тоа што човекот не е во состојба да го контролира изразот на своето лице, своите очи. Ho, ревноста ги очистува и обновува цртите на лицето и на очите.
Нечистотија, сенка, печатот на гревот се втиснува на срцето и на лицето. Посебно порокот, т.е. вкоренетиот грев, неизоставно останува на очите и на лицето.
Префинетите, продуховени луѓе може да читаат врз основа на изразот на лицето и очите co кои страсти човекот е заразен, кој грев живее во него, која страст или страсти владеат co него.
Блудникот има свој израз. Дури и врстата на блудот, природен или неприроден. Алчност, тврдоглавост, суета – сето тоа е запишано на лицето.
– Човек треба да биде психолог, отче! А што ако сите гревови на лицето се измешаат?
– Еден од нив ќе биде посилно изразен.
Ми се случувало да сретнам многу интересни луѓе. Едно посебно интересно лице беше лицето на еден затвореник во затворот во Баку.
Беше тоа еден офицер кој беше затворен co мене. Неверојатно интересно лице; огромна глава, огромна! Ситни, ситни очи. Имаше застрашувачко голема дланка. Во свое време убил многу луѓе.
Тој израз на суровост, крвожедност и непристапност… свесен дека пред него е вечен пекол. Очајанието можеше да го истера само co вотка и морфиум. Тоа беше секогаш пред него. Заедно извршувавме некои работи.
– Како се однесуваше нон вас?
– Избега кога ме погледна.
– Отче, мора да бил верник штом пред очите секогаш го имал вечниот пекол? Оној што не верува не знае за пекол?
– Никогаш за тоа не ми зборуваше. Секогаш беше свесен за делата што ги извршил и тоа беше се’.
Таа манија секаде го следеше. Сите тие убиени, мачени и масакрирани луѓе го прогонуваа дење и ноќе. Единствена утеха му беше да испие два литра вино одеднаш или морфиум два пати дневно.
Пренесено од книгата “Старец Сампсон” (Поуки и беседи)