ВОЗДРЖУВАЊЕ
– Отче, зошто во денешно време не се обраќа внимание на постот и често се игнорира или само формално се исполнува?
– Затоа што во секого од нас има се’ помалку и помалку љубов кон Бога, за личното спасение и вечноста.
– Отче, кажано е дека постот е мајка на сите добродетели?
– Воздржувањето.
– Постот не треба да се потцени?
– Никако! Никако! Тоа е сосема погрешно!
Знаеме каква е исповедта на неправославните што не го почитуваат постот. Тие никогаш не стекнуваат обновување. Тие не се во состојба да го остават својот омилен грев, бидејќи без воздржување не можеме да My принесеме на Бога покајание.
Секоја исповед, секој чин на покајание е нераскинливо поврзан co воздржување. Замислете за момент да се прејадете и потоа да се обидете да се принудите на покајание. Ќе има ли нешто од тоа? Ништо!
Ќе паднете во грев бидејќи демоните ќе ве напаѓаат преку себесожалувањето: „Сожали се над себе, зошто да се воздржуваш?
Земи јади, собери сила, прилегни, одмори се!” Бидејќи демоните не сакаат да се покаеш, a ти поради себесожалување ќе ги послушаш.
– Може ли ѓаволот да ги спречи луѓето да се покајат?
Штом човекот ќе одлучи да се покае, да почне co воздржување, co пост, од сите страни слуша: одмори се, премногу постиш, чувај си го здравјето, потребна ти е сила и други слични работи.
– Затоа што тој од својата гордост си вели на себе:
“Ќе се покајам, ќе го надокнадам тоа”. Тоа проклето „Јас”, гордоста негова го спречува да се покае.
– Затоа тој не може да му одолее на искушението.
– Секако. Но, почетокот на смирението е целосно поинаков:
„Господи, помогни ми, помогни ми!”
Човекот почнува co молитва, сфаќате? Се моли за помош, за да го замрази гревот. Таа омраза и покајание, тоа молење „прости ми, помогни ми” или „подари ми го тоа”, ќе го обратат секој грешник.
Во своето пастирско искуство познавав блудници кои не можеа да го замислат својот живот без своите страсти и задоволства. Но, прогонувани од својата совест и поверувајќи после се’, според Божјата милост дојдоа кај мене.
Во почетокот мораа да се присилуваат да доаѓаат кај мене, но подоцна се навикнаа и почнаа да доаѓаат многу често. И за една година или помалку, целосно ja оставија својата страст.
Се сеќаваа на неа co голема омраза и солзи. He се сеќаваа на самите дела, туку на фактот дека некогаш ги извршувале. Една од нив денеска е монахиња и тоа многу добра монахиња. Јас ја постригов, голема е таа монахиња.
Кога денеска би ја видел никој не би помислил дека некогаш била таква. Тоа е така затоа што покајанието не само што го лекува човекот, туку и го обновува. Но демоните ве предомислуваат, ви говорат дека никогаш нема да можете да се ослободите од гревот. Тоа е помисла од ѓаволот!
Имав еден клептоман. He можеше, а да не краде. Но се покаја и се очисти. Врати се’ што имаше украдено и се покаја. Видете, тоа е доказ како човекот може искрено да се покае. Co цврстина, истрајност и надеж во Бога. Господ ќе прости.
Сега тој човек е среќен, прекрасен човек. Повеќе не се сеќава што било, бидејќи таа омраза го излечи од стравот дека Господ нема да му прости. Господ му прости се’ од моментот кога почна да ја мрази желбата да земе нешто што не му припаѓа.
Секако, долго се бореше, често беше co мене во секое време од денот и ноќта. И секако дека демоните го напаѓаа: почнуваше да ме мрази, да ме клевети, но, сепак, ме слушаше, исполнуваше се’ што ќе побарав од него, првин да се моли, а потоа и да врати се’ што украл.
Долгогодишното лекување бива co редовни солзи и покајание или од силни солзи кои го отстрануваат гревот. Кога зборувам за солзите не мислам на вода од очите.
Зборувам за срцето: кога срцето плаче, а не кога од очите течат солзи. Солзите од очите се често чувствителни и не може да им се верува! Тие често може да бидат од суета, себесожалување, себељубие!
Понекогаш она што ние го нарекуваме солзи е само вода. Но кога срцето ќе се очисти од гордоста тоа почнува да точи вистински солзи и тие доаѓаат од срцето. Големите луѓе имаат такви солзи. Еднаш зборував за еден човек на кого за време на Литургијата не му беа доволни ниту три или четири марамчиња.
Познавам еден владика на кого му носеа крпа. Тоа покажува
колку нежно, колку свето срце имаше и колку ги сакаше луѓето, колку можеше да се радува co света радост и на луѓето да им ja олесни тагата!
Секако, немаше свој личен живот. Беше целосно посветен на луѓето. Доживеа длабока старост, ослепе од солзи, но и слеп, имаше дар на прозорливост.
Иако слеп, ги повикуваше луѓето по име и можеше да ги чита нивните мисли. Кога ќе завршеше Литургијата ќе седнеше во фотеља.
Свештеникот кој служел co него ќе застанеше до него co крстот. Луѓето ќе го целиваа крстот, a потоа се обраќаа кон него, а тој секому ќе му кажеше по нешто што требало да слушне, во врска co некоја мисла, тежина или радост.
Ѓаконите секако беа исцрпени. Црквата не се затвораше се’ додека владиката не заврши. Литургијата завршуваше во 11:00 или во 12:00 часот, но владиката се’ уште стоеше во црквата додека му приоѓаа луѓето во огромен ред. Беше невозможно да не му пристапиш. Тоа е сила од благодатта на Светиот Дух.
– Отче, како се викаше тој владика?
– Серафим. Тој лежи тука, во Загорск (Сергиевиот посад, каде што е сместена Троице-сергиевата лавра).
-Дали е погребан во лаврата?
– He, на градските гробишта.
Имаше секретар што водеше сметка за неговите работи и кој многу гласно чукаше на машината за пишување. Владиката никогаш не го прекори.
„Многупочитуван, простете ми, малку закаснив. Простете ми што ви одземам од скапоценото време”, – ќе речеше владиката.
Тогаш старецот ќе се поразеше, ќе сфатеше дека прегласно чукал. Кога почина ненадејно владиката, три дена плачеше како мало дете. Таква љубов имаше! Секретарот умре неочекувано, co ненадејна смрт. Беше старешина на црква, секретар на епархијата и негов секретар. Добро го знаев. Бев под негова власт.
Зачудува како овој богоугодник се смируваше себеси пред таков човек. Тоа e својство на светоста. Од Светиот Дух знаеше за сите нечесни игри што покојниот протоереј му ги подметнуваше. Но, тој само ќе го прекореше co зборовите:
„Зошто сте го направиле тоа, отче, зошто? Немојте повеќе така”.
И ништо повеќе.
Пренесено од книгата “Старец Сампсон” (Поуки и беседи)