Дома Останато Прашања до свештеникот ГРЕВ ЛИ Е РАБОТЕЊЕТО (ЧИСТЕЊЕ) ВО НЕДЕЛА И ПРАЗНИК? (На ваши...

ГРЕВ ЛИ Е РАБОТЕЊЕТО (ЧИСТЕЊЕ) ВО НЕДЕЛА И ПРАЗНИК? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)

0
1319

Добро утро!

Би сакала да доставам едно прашање до Духовниот Отец ако е во можност да ми одговори…

Ќе ви напишам малку поопширно бидејки со години ме мачи ова прашање и никако неможам да најдам одговор:живеам надвор од Македонија работиме и живееме сооред нивните правила,се работи повеке саати во текот на денот отколу кај нас, па ме интересира дали може да се пере и чисти кога е некој празник или во Недела…?

Немаме во близина Божји дом, па моите молитви ги читам и кажувам наутро и навечер пред мојот иконостас кој го имам дома, палам кандило редовно среда, петок, недела и кога е празник што значи се држам колку може поблиску до верата, само ме убива тоа прашање дали се работи на празник (имам големо влијание од мојата мајка кога е празник веднаш ме предупредува дека не треба да се работи), а некогаш баш тој ден сум во можност да ја направам таа работа…

Па, така, морам да ги преместувам сите планови, мора да направам стрес за утрешниот ден зошто работата ја преместувам за утре..

.Го замолувам Духовниот Отец да ми одговори дали е грев чистењето на празник, зошто ме убива мислата дека ке ме казни Бог од непочит спрема празникот…

Имајте пријатен ден.

 

Одговара отец Горан:

Помоли се и почни со работа, а кога ќе завршиш помоли се заблагодари му на Бога, бидејќи Христос рекол, без Мене не можете да направите ништо.

“Правилото” и на празник и во недела доколку сме во можност да појдеме да земемe учество во Литургијата, а после да си ја бркаме секоја работа.

Не се плаши и отфрли ја мислата за казна, тоа е само лоша помисла, ако ви е за утеха ние свештениците работиме и во делник и во празник, а не сме ништо поразлични од секој друг што работи.

Прочитав дека во близина немате православен храм, но барем заради причест во било кој соседен храм посетете го и бидете на Литургија.