Се сеќавам на еден философ кој дошол при друг философ. И тој имал многу надарена жена и започнал да кажува:

-Господине, јас имам многу убава жена!

Другиот, пак, бил на масата, co молив и хартија во раката и напишал една нула.

– Мојата жена е од голем род: татко и’ бил министер.

Другиот напишал уште една нула.

– Мојата жена е здрава како дрен, ниту била болна, ниту е болна.

Другиот напишал уште една нула.

– Мојата жена е многу учена.

Другиот напишал уште една нула.

– Мојата жена умее да работи домаќински работи, да подготвува различни колачи, јадења за големи гозби.

Другиот напишал уште една нула.

– Мојата жена умее да везе уметнички везови, таа везе цвеќиња, плете, шие. Ете колку таленти има мојата жена!

Другиот напишал уште една нула.

Најпосле додал:

– Мојата жена има страв Божји и побожна е!

Другиот ставил напред единица, а беше ставил шест нули. Бројката еден по која следат шест нули прават еден милион. И му рекол:

-Еве, сега ја проценив вредноста на твојата жена.

He тогаш кога рече дека е убава и учена и здрава и дека умее сешто да работи.

Бидејќи ако и недостасува страв Божји, се’ кај неа би било еднакво на нула, ништо!

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа

Претходна статијаHo забораваме дека НИЕ сме Црквата!
Следна статијаБи сакала да се причестам но не знам кога и што треба да првам пред тоа? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)