Се сеќавам на еден философ кој дошол при друг философ. И тој имал многу надарена жена и започнал да кажува:
-Господине, јас имам многу убава жена!
Другиот, пак, бил на масата, co молив и хартија во раката и напишал една нула.
– Мојата жена е од голем род: татко и’ бил министер.
Другиот напишал уште една нула.
– Мојата жена е здрава како дрен, ниту била болна, ниту е болна.
Другиот напишал уште една нула.
– Мојата жена е многу учена.
Другиот напишал уште една нула.
– Мојата жена умее да работи домаќински работи, да подготвува различни колачи, јадења за големи гозби.
Другиот напишал уште една нула.
– Мојата жена умее да везе уметнички везови, таа везе цвеќиња, плете, шие. Ете колку таленти има мојата жена!
Другиот напишал уште една нула.
Најпосле додал:
– Мојата жена има страв Божји и побожна е!
Другиот ставил напред единица, а беше ставил шест нули. Бројката еден по која следат шест нули прават еден милион. И му рекол:
-Еве, сега ја проценив вредноста на твојата жена.
He тогаш кога рече дека е убава и учена и здрава и дека умее сешто да работи.
Бидејќи ако и недостасува страв Божји, се’ кај неа би било еднакво на нула, ништо!
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа