фото: Нарциси !
Жени, да не заборавиме,
каква Убавина ни е дарена!
Суетната, надворешна, да ја сокриеме,
да не духот на гордост ја преземе,
а светата да ја придобиеме,
во смирение да ја покриеме…
срцата, бесрамно да ги разголиме,
даровите добродетелни да ги откриеме!
Зашто…
Телата собланзителни распадливи , смртни се,
срцата просветени, нераспадливи – бесмртни се!
Па така…
Свештена облека да испросиме,
призивот на љубовта да го исполниме,
И според Ликот на Онаа, што пофално Ја воспеваме,
со девственост да ја украсиме,
Жената Нова да ја преобразиме,
за планини да поместиме,
жената во мир да ја прославиме…
– Таква како што Бог ја гледа!
М. Даниловска