Рајот бил прекрасно место во кое живееле првите луѓе. Тој бил прекрасна градина, во којa имало секакви овошја што ги мамеле очите, a и пријатни биле за јадење (1. Мој. 2, 9).

И Пресвета Дева e воодушевен жив рај, којa имала чудни добродетели. Таа e најубав, истоветен рај co многу цвеќиња. (Кан. Од.).

Во средината на рајот беше дрвото на животот – и пресвета дева Го имаше во себе Господа.

Co ново цвеќе на бесмртност украсениот рај и навистина најубава се појави Ти, што во Себе Го носеше, па и според волјата Божја го роди дрвото на животот.

Ти, Богородице, си таинствен рај, што ни го роди безмажно Христа. Дрвото на животот што беше во земниот рај, раѓаше такви овошки, кои го чуваа човечкото тело да не боледува, да не умре и да не трули, a Спасителот Господ Исус за себе ова го вели:

Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден (Јован 6, 54).

Првата жена Ева, таинствено e наречена мајка на живите и co тоа, таа e слика на пресвета дева Марија. Откако Ева e наречена мајка на живите, веднаш ja слушнала и осудата за гревот што го сторила: земја си и во земја ќе се претвориш.

Нели е несфатливо зошто Ева и потоа се велича како мајка на сите живи?

Ако обрнеме внимание на она што го гледаме, дознаваме дека од Ева на земјата станало целото човештво. Меѓутоа, дева Марија му дава живот на светот, таа Го paѓa животот и станува мајка на живите.

Ева co својот грев беше причина за да умираат луѓето, таа ја доведе смртта во вселената;

Марија пак, донесе живот, преку неа, нам ни се дава животот.

Но, не само името, туку и разни црти од живеењето на Ева ја претставуваат Пресвета дева, макар и спротивно, според изразот на светите отци.

“Како што прамајката Ева e создадена од Адам, така и пресвета дева Го роди новиот Адам, и ако според законот го носеше во утробата, раѓањето беше натприродно; зашто Он се paѓa од жена, без татко, како што од Отецот e роден без мајка”, вели свети Дамаскин.

“Ева беше излажана од ѓаволските зборови и се оддалечи од Бог, бидејќи ја престапи волјата божја; a Дева Марија според ангелските зборови Го прими Бог, покорувајќи My ce на Неговата волја.

Ева се соблазни и отиде од Бог, a Марија се убеди да My се покори на Бог, за дева Марија да ja спаси дева Ева”, вели свети Иринеј.

Поради Евиниот грев, смртта дојде во светот и човекот беше истеран од рајот; a преку дева Марија влезе нов живот во светот и на луѓето им се подари вечно блаженство.

Ева co болеста на непослушност го доведе проклетството, пее светата Црква, a ти, дево Богородице, носејќи Го во утробата родот, му донесе на светот благослов.

Вкусувајќи од родот, Ева ми донесе смрт, a Ти Пречиста, го поправи ова, кога го роди животот ипостасен.

Заради прабабата Ева, од Едем излезе нашиот род – човештвото, a повторно e повикан таму co новиот Адам Христос, Koro Ти го роди.

Свети Иринеј ja искажува истата мисла:

“врската на непослушноста на Ева ja одврза послушноста на Марија: она што Ева го сврза co неверство, дева Марија го одврза co вера”.

A Тертулијан ова го вели: “Ева и’ поверува на змијата, a Марија му поверува на Гаврил; што таа згреши од лесноверност, тоа оваа го поправи co веpa”.

“Жената ја одбрани жената; првата – Ева ja отвори вратата на гревот, a втората – Марија послужи да се јави вистината и правдата; таа појде по наговор од змијата, a Оваа Го доведе Оној, Кој ќе ја сотре змијата и Кој ќе донесе виделина на сите”, вели свети Григорие Ниски.

Ковчегот – коработ на кој патријархот Ное се спасил од општиот потоп, претставува и слика на пресвета дева.

“Радувај се ковчеже, богонаправен доме, радувај се управителко на повторно создадениот свет, од која дојде Христос – овој нов Hoe, кој го исполнува (вишиот) свет co нераспадливост”, воскликнува свети Јован Дамаскин.

Сто години го граделе ковчегот; и човештвото долго се подготвувало да Го прими Спасителот и раѓањето на дева Марија.

Ковчегот го направија од дрво кое не скапува; пресвета Богородица остана приснодева – секогаш Дева.

Bo ковчегот се спасија Ное и неговите деца од потопот; преку Марија се спасуваат од вечна пропаст, оние што го слушаат гласот на Божјата благодат.

Од Ное стана Новиот свет, зачуван од потопот, кога излезе од ковчегот; од Христа Кој се роди од Пресвета дева, станаа децата на Новиот завет.

Hoe дозна дека потопот ќе престане тогаш кога гулабицата, која втор пат ја пушти од ковчегот, му се врати co маслинова гранка, a кога одлета третиот пат, повеќе не се врати.

Оваа гулабица ја претставува пресвета Дева; гулабице, која си Го родила Милостивиот, и’ вели светата Црква.

Co тоа што го роди Милостивиот, таа навистина јасно објави дека престана гневот божји, a дека на земјата настана потполн мир.ќ

Затоа и и’ велиме:

радувај се Ти, Богомајко, која го спаси светот од гревовниот потоп!

Во Светото писмо таинствената невеста повеќе пати се спомнува co името Гулабица, поради Нејзините морални доблести.

Ти си добра, очите ти се гулабови… Ти си моја гулабице… мил ми e твојот глас и прекрасно e твоето убаво лице… (Кн. nec.).

Пренесено од книгата “Животопис на Пресвета Богородица”

Пренесе  и подготви Мина Даниловска

Претходна статијаПобрз и посигурен пат е оној на љубовта. Тој пат следете го и вие! (С. Порфириј)
Следна статијаСвети Архангел Гаврил – еден од седумте серафими најблиски до Бога!