Вчера ми се јави една жена, прикована за постела, и ми рече, дека секогаш Му благодари на Бога.

Таа има два сина, обата разведени, едниот болен и лекарите му рекле:

«Tебе ти е потребно да направиш операција, а по неа ќе имаш две возможности: или ќе умреш, или ако останеш жив, ќе бидеш парализиран. Избирај!»

И ете таа жена вели, дека ништо од мене не сака:

-Ја само му благодарам на Бога и се молам со вас да биде сè добро!

Кога ja дознав незината болка, си помислив: Оваа жена не бара ништо од мене, туку јас ќе примам од неа. И ја запрашав:

-Како вие издржувате? А таа ми одговара:

-Да слава Богу! Што Бог допуштил, јас сѐ ќе примам!

Таа жена многу страдаше и ја беше нашла целта на животот, неговaта смисла, која се состои во тоа да се научиш да го примаш сѐ она што Бог ти го дава; да согледуваш преку тоа, што Бог ти праќа тебе во животот; да бидеш без претензии, да не рониш солзи постојано и да не прашуваш:

«Зошто?» Да не се растревожуваш и да не се жалиш.

Сега е вистинско чудо да најдеш човек, кој не би се жалел; голема работа е кога некој тебе ќе те запраша:

«Како си?»-и ти да му одговориш:

«Слава Богу, сѐ е добро кај мене!»

А не постојано да ја изнесуваш горчината на животот. Тагата, болката-сето тоа нѐ прави болни.

Сепак некој ќе приговори:

-И што да правиме тогаш?

Доколку животот ти е таков и не ти е можно да не те здоболи, не може да не заплачеш. Прашањето е во тоа, да може од твојот плач и агонија, во крајна линија да излезе нешто добро.

На сите ни е болно. Прашањето е во тоа, дали ние созреваме преку нашата болка, стануваме ли свети преку неа или само негодуваме.

Кога во 2003 година бев во Ерусалим, ми заѕвонија на телефон по повод еден мој другар-монах, кој на 45-годишна возраст се упокоил во еден од манастирите надвор од Атина.

Јас неможев да појдам на погребението, затоа што бев во Ерусалим. Кога се вратив во Атина, отидов во тој манастир за да поразговарам со отците, да земам благослов од нив и да дознаам како поминало погребението и тие ми раскажаа:

-Сите зборуваат за тој човек: «Умре на 45 но, знаеше зошто живее, и за недолгите години проживеа многу. Тој ја најде смислата на животот, иако за толку кратко време.»

Ги замолив, да ми дадат нешто од неговите работи.

Ми дадоа излитени бројаници. Си реков во себе: «Токму ова и го сакам!»

-Ако можете да ми ги дадете, за мене тоа е едноставно бесценето!

Братијата се согласија:

-Немаме ништо особено да ти дадеме, затоа што во келијата кај него ние најдовме само јакна, хартиени икони на дрвена основа и неколку книги. Ги сакаш бројаниците?

Ги грабнав. На заминување братијата повторно ми кажаа:

-Тој живееше така разумно, и иако рано си замина, сепак сите разбаа, дека тој човек ја достигнал својата цел и многу се приближил до Бога.

Затоа, браќа, прашањето не во тоа, колку години ќе живееме, туку како ќе живееме.

Знаеш ли ти, зошто живееш, знаеш ли, што правиш сите овие години?

Како поминува нашиот живот? Каква смисла има тоа да се разбудиш наутро и да велиш:

«Сега јас пак имам работа, треба да готвам, училиште, трчкарање, трошоци?» Зошто сето тоа се случува? Каква е смислата на сето тоа?

Од самиот почеток сакам да ви кажам, дека сè што правиме во животот, е неважно. Сè!

Затоа што тоа е пропадливо, минливо, и сето тоа си оди. И самото најубаво бдение, на кое што ти ќе отидеш, во определен момент, за неколку часови, кога свештеникот ќе каже:

«Молитвами свјатих отец наших…», или ќе не поздрави:« Христос воскресе!»-богослужбата ќе заврши.

Сѐ во животот е кратко, мало, ограничено, заквасено со Божествени елементи, но, и со многу човечки исто така, т.е. во овој живот не следува да го бараме апсолутното, совршеното насладување, совршената среќа, совршената радост, затоа што совршенства не постојат во овој живот.

Старец Јаков од Евбеја говорел:

-Тука, чедо мое, прости ми, ние не живееме за тоа, за да ни поминат дните.

Прашањето не во тоа, што дните поминале, туку во тоа, како поминале, со што ги исполнуваш…

 

 

 

 

ИЗВОРПремин Портал
Претходна статијаTаа го вовела Бог во вој свет и во човекот, заедно…!
Следна статијаПОСНИОТ СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА МОЈАТА МАЈКА!