Состојки:

40 главици ситен кромид. Ако е покрупен може и да се исецка внимателно, но најдобро е со ситен кромид.

2 главици лук

5 суви пиперки

10 печурки

1 шолја вино црвено

½ шолја масло

1 лажичка зачин

1 лажичка црвен пипер

4 ловоров листа

1 лажичка сол

Бибер во зрна

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња.

Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол.

Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.

Прилог:

Ова јадење може да се сервира со риба, пире, ориз и слично но и така да се јаде во посни денови.

Претходна статијаПрашањето е во тоа, дали ние созреваме преку нашата болка…!
Следна статијаДОСТА БЕШЕ…! ( старец Софрониј)