Преподобен Јустин Ќелиски – ЗА БОГОРОДИЦА
„…Пресветата Богомајка, ете, се јавува како прв вистински лекар кој лечи од смртта,
зашто лекува од гревот, лекува од се` демонско и го враќа човекот кон Бог.
Навистина, Таа го вселила, Таа го вовела Бог во вој свет и во човекот, заедно.
Што е Светата Причест?
Светата Причест е бескрајна радост…
Светата Причест – тоа е воведување на Господ Исус Христос во нашата душа, грешна и падната, тоа е Негово воведување во овој свет!
Преку Светата Причест ние го примаме Господ Исус Христос Воскреснатиот.
Затоа, Пресветата Мајка е навистина „пославна од сите Херувими и Серафими“; без Неа не би било нашето спасение, без Неа, нема ни Рај ни Небеса.
Без Неа нема лек од смртта, а Таа нам ни го дава најсигурниот Лек против смртта, раѓајки ни Го Спасителот и удостојувајќи не со светото Тело Негово и Светата Крв Негова.
Причестување и живот со Него, во Него и преку Него.
Затоа човечките битија на земјата, никогаш не можат доволно да ја прослават Пресветата Богомајка, никогаш доволно да го искажат Нејзиниот подвиг, Нејзиниот безгрешен живот, никогаш да ја искажат Неа, која нам, Рајот ни го дала !
Нема радост во овој свет, ако смрта не се победи, а тоа Господ го направи; а Него го родила за таков подвиг Пресветата Богомајка – Богородица!
Затоа никогаш крај на нашата благодарност кон Неа
и никогаш да не се престане со молитвите кон Неа!
Таа е секогаш сета надеж наша, секогаш Покровителка наша, секогаш Избавителка наша од секој грев, а тоа значи од секоја духовна смрт!