ПЕТТА ГЛАВА

,,Благословувајте и не проколнувајте…”

Некој ме праша:

„Зошто во великата Четириесетница пееме:

,,Испрати им зло, Господи, испрати им зло на спавните на земјата, кога тоа е проколнување?” „Кога ќе нападнат непријателите”, – им реков.

– „и кога ќе тргнат да поробат еден народ без никаква причина, a народот се моли да ги снајде зло, односно да се скршат нивните коли и да им се спучи нештο на нивните коњи за да запрат, дали тоа е добро или зло?

Ha тоа се мисли; да наидат на препреки. Тоа не е клетва”.

Старче, кога се исполнува проклетсгвото?

Проклетството станува реалност, односно се исполнува, кога е присутна неправдата.

На пример, ако некоја жена исмее друга, напатена жена или ако ѝ направи некакво зло, а оваа, напатената, ја проколне, тогаш пропаѓа целиот нејзин род.

Значи, кога правам зло и некој ме проколнува, тогаш се остваруваат неговите проклетства.

Бог го допушта тоа и клетвите се остваруваат. Како што допушта, на пример, луѓето меѓусебно да се убиваат.

Но кога не постои неправда, проклетството се врака врз оној што проколнувал.

Α како се ослободува од проклетавата?

Co покајание и исповед. Предвид имам многу случаи:

луѓе кои ги мачело проклетство, сфаќајќи дека се проклети поради своja вина, се покајале, се исповедале и се средиле.

Ако оној што е виновен вели:

„Боже мој, го направив тоа и тоа, прости ми…” и се исповеда co болка и искрено, Бог ќе му опрости затоа што е Бог.

Дали бидува казнет само оној што е проколнат или и оној што проколнува?

Оној што е проколнат се мачи во овој живот.

Но оној што проколнувал се мачи и во овој живот, а ќе се мачи и во другиот, затоа што таму ќе биде казнет од Бога како злосторник, ако не се покае и не се исповеда.

Зашто, во ред, можеби некој и ти пречел; но проколнувајќи го, ти како да си зел пиштол и како да си го убил. Co кое право го правиш тоа? Што и да ти
направил, немаш право да го убиеш.

За некој да преколнува, треба да биде лош. Клетва е и кога некој зборува со јад, co огорченост.

Кога проклетството доаѓа од човек кој е во право, тоа има голема сила; а особено проклетството на вдовица.

Се сеќавам, една старица имаше коњче и го оставаше на крајот од шумата за да пасе.

Бидејќи бил немирен, нашла дебела ортома и го врзала. Еден ден, некои три жени отишле во шумата да сечат дрва.

Едната била богата, втората била вдовица, а третата бедна и многу сиромашна.

Го виделе коњот, што бил врзан co ортома, како пасе, и рекле:

„Зошто да нe ja земеме ортомата за да ги врземе дрвата?”

Ја пресекле на три дела, и секоја зела по еден за да ги врзе и да ги натовари дрвата.

Секако, коњот побегнал. Кога дошла старицата, бидејќи не го нашла коњот, се налутила.

Почнала да го бара насекаде; многу се намачила за да го најде.

Накрај, откако го нашла, огорчено рекла:

„Co оваа ортома да ја врзат и онаа што го зела”.

Еден ден, братот на богатата жена играл co пушка, мислејќи дека е празна – тоа била една од оние што ги оставиле Италијанците – и ја погодил својата сестра во вратот.

Требало да ја однесат на болница и им била потребна ортома за да ја врзат за некоја дрвена скала.

Во тој час, се нашло тоа парче украдена ортома, но и тоа не било доволно.

И другите две сосетки ги донесле своите украдени дела, и откако ја врзале за скалата, ја однеле во болница. Т

Така се остварило проклетството на старицата:

,,Co оваа ортома да ја врзат и онаа што го зела”.

Накрај, кутрата, умрела; Бог нека ја упокои.

Гледате, проклетството се исполнило на богатата жена, која немала потреба од пари.

Другите две жени имале своја беда, сиромаштија, имале некое оправдување.

Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаПРАВЕДНИОТ ЧОВЕК ДОБИВА НАГРАДА УШТЕ ВО ОВОЈ ЖИВОТ
Следна статијаОдговор на објавата: Предлог законот за родова еднаквост ја унапредува родовата еднаквост во општеството, целиме кон општество без стереотипи, враќањето назад е уназадување на општеството