Евагриј се плашел, укорувајќи го, Господ да не му рече:
„Ти боледуваше од суета, и Јас ти го дадов лекарството на униженоста, за да се очистиш преку него. Но ти не беше излекуван, затоа што не сакаше да Me послушаш.”
– Треба да знаеме дека никој не ни ja кажува точната вистина, освен оној што нѐ прекорува.
Господ, Кој ги испитува срцата и утробите, макар сите луѓе да нѐ фалат и да нѐ нарекуваат блажени, знае, сепак, оти сме достојни за прекор и за презир.
Ако ми речат: „Ти си ги направил тие и тие работи,”
јас ќе им одговорам: „Но што е добро од тоа што сум го направил јас?”
– За мене говорат лаги, само оние што ме фалат и што ме нарекуваат блажен, a за мене ја говорат вистината само оние што ме укоруваат и што ме понижуваат.
Дури и тие не можат да ја опфатат сета вистина за мене, зашто не го знаат сето зло што е скриено во мене.
Ако го дознаат, не сето море од малите лоши дела, туку само еден дел од нив, тие би се исплашиле и згрозиле од грозотијата и смрдеата на мојата душа.
Доколку сите членови на човечките тела се претворат во јазици, за да нѐ прекоруваат, јас сум уверен, дека и тогаш не би можеле целосно да ја искажат нашата паднатост.
Затоа, секој оној што нѐ укорува, само нешто укорува од сето она што е за укорување, зашто тој не може да го знае сето тоа.
Ако многустрадалниот Jов рекол:
Исполнет сум co бесчестија, – a штом е полно, тоа значи дека е веќе надмината секоја мерка; а што да кажеме ние кои сме бездна на секое зло?
– Ѓаволот нѐ смирил co секое зло и co секој грев; треба да им бидеме благодарни на луѓето што нѐ смируваат co понижувања, зашто благодарните за својата униженост – му ja кршат и му ja здробуваат главата на ѓаволот.
Светите оци рекле: „Ако смирението се спушти во пеколот, и пеколот ќе се издигне до небесата.
Исто така, ако гордоста се издигне до небесата, тогаш и небесата ќе бидат симнати во пеколот.
Зашто, кој може да го натера смирениот и понижениот да похули против некого и да се осмели да понижи некого?
Што и да претрпи смирениот, колку и да го навредат и да го понижат, тој нема да похули и да понижи никого, туку тоа ќе му биде повод – самиот себеси да се прекорува и да се понижува.
Покрај ова, авва Зосим говореше, дека авва Мојсеј, кога свештениците го избркале, велејќи му да излезе од олтарот, тој тогаш почнал да се унижува себеси и да си вели:
„Добро постапија тие co тебе, – ти, кому му е црна кожата!
Ти што не си човек, не оди меѓу луѓето. Ете така, добро ти направија.”
Блажениот авва Зосим Палестински