23. Оној што сака да биде мисловно трезен, секој, а особено почетниот, потребно е, за полесно вежбање во молитвата, да живее безмолвно, во недоволно осветлена ќелија,

зашто, преку тоа, сосема природно, умот и мислите ќе се собираат некако во едно Кон ова што го кажавме досега, како кон најглавно, што е озаконето од големите свети оци, како што може да се види од приведените сведоштва за тоа како треба заедно со вдишуването, во нашето срце да Го воведуваме нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји, како треба да се молиме, спомнувајќи го Неговото свето и спасоносно име, како треба да размислуваме и да имаме духовна трезвеност;

како треба да бараме од Него милост за себе, ќе го додадеме уште и следново:

и секогаш, особено во востановеното време за молитва, секој што се труди да биде трезвен внатре – во своето срце, особено почетникот во монашкиот живот,

треба да се скрива во својата ќелија, тивка и неосветлена, како што заповедаат искусните духовни учители и отци во оваа божествена работа.

Бидејќи очниот вид и она што го гледаме, обично, jа расејуваат нашата мисла, а, ако сме се затвориле во безмолвие и во затемнета ќелија, како што рековме,

нашите мисли престануваат да се разбегуваат и да се умножуваат, а на тој начин, умот – и без да сака, малку по малку се смирува и се собира во себеси, како што пишува свети Василиј Велики:

„Умот, кога не е расејуван од надворешните работи и кога сетивата не се растураат по работите од овој свет, тогаш тој се враќа кон себеси.”

24. Главно, Господ Исус Христос му jа дава на умот нерасејаноста преку повикувањето на Неговото свето име во срцето со вера, а преку овој природен метод на слегување по пат на дишење, местото за молитва треба да биде осамено и неосветлено, како и сѐ друго што е потребно – што помага за успехот на сето ова Овој подвиг умот го извршува, главно, преку содејството на божествената благодат, при срдечно, чисто и прибрано повикување на Господа Исуса Христа, а не само преку природниот начин на слегување на срцето по пат на дишење или преку усамување на безмолвно и неосветлено место.

Ова никако!

Зашто, сето ова светите отци го пропишале само заради тоа што помага во собирањето на мислите, враќањето на умот од неговата обична расеаност – кон самиот себеси и сосредоточуване на неговото внимание, како што рековме:

А од овие собирања на мислите и сосредоточуване на вниманието се раѓа тоа што умот почнува да се моли непрестајно, чисто и нерасеано, како што вели свети Нил Синајски:

„Вниманието што jа бара молитвата, – ќе jа најде молитвата, зашто по вниманието, повеќе од што и да е друго – следи молитвата, за што треба најмногу да се грижиме” (гл. 179).

— Ете, како треба да jа гледаме сета оваа работа. И ти, чедо, којшто сакаш да живееш и да дочекаш добри денови, труди се да живееш според ова правило и овој духовен устав.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 5, Иноците Калист и Игнатиј Ксантопул: Поука на оние кои безмолствуваат