Уште ни говореше авва Зосим:

„Кога некој човек ќе помисли на некого, кој го навредил или му сторил одредена штета, или го понизил и го наклеветил или му направил некое друго зло, ако и тој почне да исплетува лоши замисли против него, и тој самиот напага, како демоните; тогаш му е премногу и она што самиот си го прави.

– Кога ќе помислува на него, треба да го смета за свој добротвор и лекар.

Зашто оној што се однесува така co нас, тој ја разоткрива нашата страст, која е скриена во нас и од кoja боледуваме, за да биде излекувана.

Па затоа,треба да си спомнуваме како за наш лекар, кого го испратил при нас Самиот наш Господ Исус Христос.

Заради Христа, ти треба да претрпиш се и да My благодариш за таквата добрина спрема тебе.

Ако не ја искористиш оваа можност како што треба; ако не се ослободиш од твојата страст, тогаш ти самиот си виновен за тоа, а не е Господ Бог.

Тоа што се измачуваш, е знак дека твојата душа е болна, зашто ако таа е здрава, тогаш ти не би се измачувал и не би страдал.

Поради тоа, треба да му благодариш на твојот брат, затоа што ти го покажал текот на твојата болест, а тоа што си го претрпел од него, прими го co љубов, како лековито лекарство, што ти е испратено од Самиот Господ Исус Христос.

Ако ти си, не само неблагодарен, туку и се натажуваш, се измачуваш и имаш лоши замисли против него, за да му се одмаздиш, co тоа како да My говориш на Самиот Спасител и Господ Исус Христос:

,Господи, не сакам да ме лекуваш и да ме излекуваш; не сакам да ги употребувам лекарствата што ми ги даваш; сакам да изгнијам во моите рани, зашто сакам да им бидам послушен на демоните.

He Го познавам Господа и не знам Кој е Он за да го послушам Неговиот глас!’ ” (cп. 2. Мој. 5, 2)

И што најпосле ќе направи Господ?

– Господ, бидејќи е добар спрема нас и спрема нашите лошотилаци, Он ни ги дал Своите заповеди, за да нѐ излекува од злото и од гревот, кои се во нас, како што се даваат за лекување на телесните болести обгорувања и чистења.

Затоа, оној што сака и што бара да биде излекуван, треба неизоставно да го трпи, да го истрпува она што му го наложува лекарот; да го претрпува сето тоа co молчење, па макар и неподносливи болки да има.

И на телесно болниот не му е пријатно кога го сечат и го обгоруваат или кога прима лекарства за чистење, но бидејќи е убеден, дека без сето тоа не може да биде излекуван и избавен од својата болест, – co доверба се предава во рацете на својот лекар и верува, дека преку болките што ќе ги издржи за време на лекувањето – ќе се избави од внатрешното растројство на своето тело и од долговремената болест.

Господа Исуса Христа Го измачува и Го обгорува оној што ги навредува своите ближни и што им нанесува штети.

Блажениот авва Зосим Палестински

Претходна статијаЛЕКАРСТВО ЗА БОЛЕСТА – СУЕТА Блажениот авва Зосим Палестински
Следна статија“Помилуј ме, зашто сум немоќен!” (Свети Јован Лествичник)