Да учиме на малите работи, ако не можеме да ги разбереме веднаш големите работи.

Ако не можеме да разбереме како Бог ги гледа сите луѓе, да погледнеме како свети сонцето и како ги осветлува сите предмети на земјата.

Ако не можеме да разбереме како душата човечка не може ниту една минута да живее без Бога, да го погледнеме телото човечко како не може да живее ниту една минута без воздух.

Ако не знаеме зошто Бог бара послушност од луѓето, да се потсетиме зошто домаќинот бара послушност од своето семејство, царот од своите поданици, војсководецот од војникот и градежниот инженер од ѕидарот.

Ако не знаеме зошто Бог бара благодарност од луѓето, да размислиме и да разбереме зошто родителот бара благодарност од своите деца.

Да се задржиме на прашањето: зошто родителот бара благодарност од своите деца?

Зошто родителот бара од својот син да ја симнува капата, да се поздравува достоинствено, да заблагодари за секоја примена работа од родителот?

Зошто тоа му треба на родителот?

Дали родителот од таа детска пофалба станува побогат, помоќен, поугледен и повлијателен во општеството?

He, ништо од сето тоа. Кога родителот ништо не добива од благодарноста на детето, нели е смешно што тој постојано го учи своето дете на благодарност и го вежба во благодарноста, и тоа не само набожен родител, туку и ненабожниот?

He, тоа не е ни најмалку смешно; тоа е возвишено. Оти тоа е најнесебичната родителска љубов, која го тера родителот да го научи детето на благодарност.

Зошто? За да му биде добро на детето.

За детето да израсне како питома овошка, а не како диво трње.

За да му биде добро во овој привремен живот меѓу луѓето, меѓу пријателите и непријателите, во селото и во градот, во власта и трговијата. Бидејќи благодарниот човек насекаде е ценет, сакат, признаван, помаган и љубен.

Кој ќе научи да е благодарен, тој ќе научи и да е милостив. А милостивиот човек послободно чекори во овој свет.

Да се запрашаме зошто Бог бара благодарност од луѓето.

Зошто барал од Ное, Мојсеј, Авраам и од другите праотци да му принесуваат жртва на благодарност (1. Мој. 8, 20; 12, 7-8; 35, 1; 3. Мој. 3, 1)?

Зошто Господ Исус Христос секојдневно му давал пример на светот како треба да му се оддава благодарност на Бога (Мат. 11, 25; 14, 19; 26, 26-27)?

Зошто тоа истото го правеле и апостолите (Дела ап. 2, 47; 27, 35), наредувајќи им на сите верни да го фалат Бога во сѐ и за сѐ (Еф. 5, 20; Кол. 3,17)?

Дали е неразумно што великиот Исаија извикува:

Ќе се сеќавам на милоста и славата Господова, за сѐ што Господ ни дарува, за големата благост кон домот Израилев што Он ја укажа по милосрдноста Своја и по многуте добрини Свои” (Иса. 63, 7)?

Или пак што милостивиот псалмопеец и советува самиот на својата душа:

„Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини” (Псал. 102, 2)?

Зошто Бог бара од луѓето благодарност?

Поради бескрајната љубов своја кон луѓето, Бог бара од нив да му оддаваат благодарност.

Благодарноста на луѓето не ќе го направи Бога поголем, помоќен, пославен, побогат и поживотен, но благодарноста ќе ги направи луѓето и поголеми, и помоќни, и пославни, и побогати, и поживи. Благодарноста на луѓето нема да придонесе за мир и задоволство на Бога,
но таа ќе придонесе многу за мирот и задоволството на човештвото.

Благодарноста кон Бога не ќе ги измени состојбата и битието Божјо, но таа ќе ги измени положбата и битието на благодарниот човек.

Ha Бога лично не му е потребна нашата благодарност, како што не му е потребна ниту нашата молитва.

Но, сепак, оној истиот Господ рече:

„Вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да сте го помолиле

11 (Мат. 6, , истовремено препорачувајќи дека треба секогаш да му се молиме на Бога и да не пагаме co духош (Лука 18,1).

Иако Бог не чувствува потреба од наша молитва, Тој сепак наредува да му се молиме.

Иако Тој не чувствува потреба од наша благодарност, Тој сепак од нас ја бара, бидејќи всушност таа не е ништо друго туку форма на молитва, молитва на благодарност.

Оти благодарноста кон Бога нас смртните не издигнува од гнилежот на смртта, нѐ избавува од она од кое еднаш мораме да се избавиме, сакале или не, и не врзува за живиот и бесмртниот Бог, а ако за Hero не се врземе во овој живот,

никогаш во вечноста не ќе бидеме во Негова близина.

Благодарноста го облагородува благодарниот, a ro трогнува оној на кого му е наменета. Благодарноста му дава полет на милосрдието во светот и ја обновува секоја добродетел.

Пренесено од книгата ОМИЛИИ

Претходна статијаСретение Господово – Владика Наум
Следна статијаBe молам, почитувајте го тоа учење!(Свети Игнатиј Брјанчанинов)