УЧЕЊЕ ВИСТИНСКО И ЛАЖНО
• Светот го љуби своето – рекол Спасителот.
Кога светот ќе го слушне Словото Божјо, кое се објавува во духот на овој свет, т.е. кога ќе го слушне своето учење, прикриено co маска на учењето Божјо, тој то опсипува co пофалби.
Кога пак во словото ќе почувствува присуство на друг Дух, кој дејствува разорно на владеењето на светот, тогаш се заразува co омраза кон словото и почнува гонење на оној кој го изговорил.
Многу е опасно да се стекнува познание не во Христа, туку развивајќи ја сопствената падната природа, престојувајќи по духот во општење co светот.
Дејствувајќи на опишаниов начин, луѓето незабележително се заразуваат co непријателство кон Светиот Дух, како што co тоа смртоносно непријателство се заразиле еврејските свештеници, заради што ги разобличил првомаченикот Стефан (Дела 7, 51).
Тие не нашле зборови co кои би се спротивставиле на зборовите на Стефан, па co завист и омраза пламнале против садот на Светиот Дух,
одговарајќи на неговите зборови co камења: на вистината која им е предадена, одговориле co убиство.
Светот отсекогаш го гонел Словото Божјо; гонењето од страна на светот секогаш претставувало сведоштво на учењето кое потекнува од Бог.
• Учењето на Светите Отци на Источната Црква е вистинито:
тоа е учење на Светиот Дух.
Be молам, почитувајте го тоа учење!
Тоа ќе нѐ раководи кон блажената вечност. Во Светата Христова Црква е запален блескав светилник – блескањето на Светиот Дух: не свртувајте ги своите погледи кон други светилници, кои светат на разни патишта.
Само патот на светата вистина води во спасение; другите патишта водат во погибел.
Многумина се трудат, многумина страдаат, многумина се подвизуваат, но спасени ќе бидат само оние кои законски се подвизуваат.
Навистина законит подвиг е во Христа Исуса и во Светиот Дух,во оградата на Источната Црква.
• Bo изучувањето на секоја навика се бара тоа изучување да биде правилно спроведено:
без тоа доаѓаме до погрешни и лажни резултати; токму така во изучувањето на христијанството е неопходна правилност – без неа човекот секако ќе отиде во најразлични заблуди.
УЧИТЕЛ