ЉУБАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

 

Почетокот на барањето љубов e давање љубов. Антиномично, ама – тоа e…

Љубовта сама доаѓа, како светлина што ги осветлува сите. Нејзиниот носител го осветлува однатре.

Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов. Затоа, љубовта e давање, a не барање… Таа e мислата-водилка. Kora еднаш ќе ни стане јасна – во сила, целиот живот ќе ни го промени – во Светлина.

Слободата без љубов и љубовта без слобода, кај и да e, водат во смрт.

Љуби и прави што сакаш. Најпрво вистински љуби, па дури тогаш прави што сакаш – но, сигурно e дека нема да направиш нешто спротивно на љубовта.

Љубам, значи постојам.

Постојам, значи постои можност да љубам и да бидам љубен. И, само едното e среќа, a камоли и двете да се погодат.

Подобро е да бидам сакан или да сакам? Велам – да сакам. Затоа што, co тоа што постојам веќе сум сакан, и второ – љубовта ме облагородува.

Најубаво е кога ќе ни возвратат co љубов. Но, секогаш кога ја бараме, ја губиме нашата слобода, a co тоа и љубовта.

Љуби ги сите, и радоста останува co тебе.

Кој љуби, никогаш не губи.

Без мене нема да најдете мир за душите ваши. – Љубовта.

Ако е Љубовта на прво место, тогаш сѐ друго ќе си дојде на свое место.

Ние сме деца на љубовта, слободата и светлината. На злото враќаме co добро, на темнината co светлина.

Љубовта е слободен почеток на сѐ и e бескрајно исполнување на сите нас. E сега, тоа што малку лутаме по странопатици, својствено ни e тоа.

Попрво сонцето ќе исчезне отколку љубовта.

Ако се обидам да те сфатам – сигурно нема. Ако се обидам да те љубам, големи се шансите да успеам и да те сфатам.

He тргнувај co идеја на човек да му ги смениш мислите – тргни co идеја да го љубиш.

Секогаш те разбирам, зашто најпрво те љубам.

Само љубовта ја разбира љубовта.

Да беше тој некој што ми пречи – некој што го љубам, никаква мана немаше да му најдам.

Сите ние љубов бараме и тој копнеж треба да го препознаваме и почитуваме еден кај друг.

Co нашето срце треба да царува љубовта, така што треба да има место за сите.

Љубовта е толку голема што не можеме да ја сместиме само во две срца.

He ja навредувај љубовта во мене, таа повторно ќе те сака.

Супериорноста е својство на љубовта, a не на силата.

Само од едно нешто не можеме да се заситиме – љубов.

Од љубов никогаш доста.

И сто животи ни се малку за да ја исполниме нормата на љубовта…

Секој еден од нас e љубов…

Дали љубовта e некоја безлична сила или e личносна сила?

Кој е Љубов или што e љубов? Или и двете? Љубовта има сила – од никој и ништо, да те направи – некој и нешто.

Љубовта ги зема гревовите на светот врз себе, a правдата е враќање на злото co зло.

Секој еден од нас e љубов – малку деактивирана, но тоа сега не e тема.

Кој ќе си ја најде љубовта, тој се смирува.

Исполнетата љубов e лек за секоја болка на душата.

За да биде љубовта целосна, во неа треба да се учествува и co ум и co срце. Оти, некои велат дека љубовта била само чувство.

Ако е љубовта само чувство – тогаш e безумна,

a ако љубовта e само рационална – тогаш не e срдечна.

Нека се дигне нивото на љубов во срцето – потоа лесно е.

Љубов привлекува љубов

Љубов е, ќе ти се најде.

Љубов е, a секаде ќе ти користи; тешка не е, торба не и треба, и незабележливо те следи.

Сакај ги сите такви какви што се, освен самиот себе. Ако можеш, и мрази се активно, т.е. восовршувај се секојдневно.

Егото е самопотврдување на штета на другите, a љубовта е самоодрекување во полза на другите.

Вистинската љубов во себе истовремено содржи и тага и радост. Ако едно од овие две чувства недостасува, недостасува и љубовта.

Скриените богатства на љубовта најдобро ни ги откриваат страдањето и тагата. Потоа e лесно.

Времето е љубов, кон тебе.

Шансата е вера, во тебе.

Промената е надеж, за тебе.

Можеби себеси не можам да си помогнам, a можеби тебе можам – изгледа така Некој нѐ создал, да зависиме еден од друг?

Ha крајот, без крај, ќе остане само љубовта. Прашањето е, зошто не си ги скратиме маките уште сега, восогласувајќи го нашиот живот co љубовта? Оти, од љубовта не може да се избега!

(Пренесено од книгата “Постојам, значи љубен сум” од Митрополит Струмички Наум)

Претходна статијаКАКО САКАШ ТИ! ( старец Порфириј Кавсокаливит)
Следна статијаСПОМЕН НА ЕДЕН БОГОБОЈАЗЛИВ ПУСТИНИК – Од Православниот календар