“Покајанието го изградува човекот; тоа ни е дадено за да ја лечиме нашата душа.
Кога не би постоело, тешко дека човекот ќе може да се спаси.
Токму заради тоа добродетелта на покајанието трае сѐ додека човекот е жив, зашто единствено совршените не грешат.
Чеда мои, кога и да почувствувате дека вашите мисли ве прекоруваат заради некој грев, во истиот миг земете го лекот: покајте се, плачете, исповедајте се, и така ќе се вратите во својата претходна, подобра состојба.
Покајанието е бесконечно. Со помош на Божјата благодат, човекот може да ги усоврши сите добродетели, но никој не може совршено да се покае.
Покајанието ни е потребно до последниот здив, бидејќи, и само со едно трепнување можеме да згрешиме.”
– Старец Ефрем Филотејски