НЕДЕЛА ОСУМНАЕСЕТТА
Евангелие за богатиот риболов
Лука 5 ,1-11; Зач. 17
Бог e дарител на сите добри дарови. И секој Божји дар e coвршен, и тоа совршен во толкава мера што ги наведува луѓето на чудење. Чудото и не e ништо друго, туку дар Божји на кој се чудат луѓето. A луѓето се чудат на Божјите дарови поради нивното совршенство.
Kora луѓето би биле во рајска чистота и безгрешност, не би чекале Бог да воскреснува мртви или да намножува лебови или да ги полни мрежите co риба, па да речат: еве чудо!
Туку напротив, за секоја Божја творба, за секој час и здив од својот живот би рекле: еве чудо! Но откако гревот им стана навика на луѓето, сите безбројни чуда Божји во светот станаа за човекот тапа навика.
За човекот од таа навика сосема да не затапи, зачмае и да не падне на нивото на животните, Бог, според своето милосрдие спрема болното човештво, врз безбројните свои чуда додава нови чуда. И тоа само за да го разбуди човекот и да го отрезни од морничавата душогубна навикнатост на чуда како на не-чуда.
Co секое свое чудо Бог сака прво да ги предупреди луѓето дека Тој будно бдее над светот управувајќи го според својата семоќна волја и мудрост; и второ, дека луѓето без Hero не можат никакво добро да направат.
Никаков труд без Божја помош не успева. Никаква сеидба без Божји благослов не донесува жетва. Сета човечка Mудрост, ако e насочена против законот Божји, не e во состојба сама од себе да донесе ни толку добро колку што e зрно синапово. Доколку таа за извесно време изгледа дека носи добро, тоа e од Божјата милост, која не се оддалечува ниту од најлутите противници Божји.
Бог e човекољубив и не се одмаздува веднаш, туку долго трпи и чека на покајание. Он сака сите луѓе да се спасат и да ja спознаат вистината.
Занесен co навиките на овој свет, човекот понекогаш помислува дека може нешто вредно да стори и надвор од волјата Божја, па дури и против Бога и Божјиот закон.
Понекогаш му се причинува на занесеникот дека може самиот по себе да стане добар, или богат, или мудар, или славен. Но таа занесеност или бргу го напушта, па помудар и трезвен тој се враќа кон Бога, или пак го фрла во матните води на светот сѐ додека потполно не го загуби човечкото достоинство и додека како сенка потполно не се предаде во рацете на лошите сили.
A оној што го гледа овој свет како треперливо чудо Божјо и себеси како чудо меѓу чудата, постојано ги испитува патиштата на Промислата no контурите на таа непрегледна и возвишена низа на чуда.
Таквиот може да зборува како што зборуваше апостол Павле: “Јас посадив, Аполос поли, но Бог направи да израсте. Затоа, ниту оној, кој сади, e нешто, ниру, пак, оној што полива, a сѐ e Бог, Кој прави да израсте” (1. Kop. 3, 6-7).
Слична мисла изразува и поговорката која постои кај многу народи: „човекот предлага, a Бог расиолага”. Човекот ги предлага плановите, Бог ги прима или ги отфрла.
Човекот предлага мислења, зборови и трудови, Бог ги усвојува или не ги усвојува.
Што Бог усвојува? Тоа што e Негово, тоа што e од Hero. Сѐ што не e Негово и што не e од Hero и што не личи на Hero, Бог го отфрла. Ако Госиод не го изѕида домот, залудно се трудат ѕидарите.
Ако ѕидарите ѕидаат во името на Бога, ќе ја изѕидаат палатата, иако нивните раце се слаби и градежниот материјал скуден. Ако пак ѕидарите ѕидаат во свое име, спротивно на Бога, нивната работа ќе се растури, како што се растури и кулата вавилонска.
Bo историјата не се растури само една вавилонска кула, туку многу такви кули што ги ѕидаа поединечни светски завојувачи co желба сите народи да ги соберат под еден покрив, под свој покрив и под една рака, под својата.
Се распаднаа во прав и пепел и безбројните кули и богатствата, славите и величините што ги ѕидаа поединечни луѓе co желба да завладеат co Божјите
работи или пак со Божјите луѓе и дa бидат како мали богови. Но не се распадна тоа што го ѕидаа апостолите, светителите и другите Божји угодници.
Многубројните човечки царства, создадени според човековата суета, се распаднаа и исчезнаа како сенка, а црквата апостолска стои и денес и ќе остане засекогаш простум и на гробовите на многу денешни царства.
Дворовите на римските цесари кои војуваа против Црквата лежат во пепел, додека пештерите и подземните катакомби на христијаните и ден-денес стојат. Стотини цареви и кралеви владееја co Сирија, Палестина и Египет.
Од нивните мермерни дворови се чуваат по некои искршени плочи по музеите, додека манастирите и лаврите што ги градеа молитвениците и испосниците од тоа исто време, и тоа по неплодните и песочните пустини, стојат и денес и од нив непрекинато co столетија се упатуваат кон Бога молитви и се издига благопријатниот мирис на темјан.
He постои таа сила што ќе го поништи Божјото дело.
Додека безбожничките дворови и градови се рушат, колибата Божја стои и e цврста. Тоа што Божјиот прст го потпиpa, посигурно е од она што целиот свет co сета сила го крепи „та ниедно тело да не се пофали пред Бога” (1. Kop. 1, 29)!
Зашто сите тела се како тревата што чека да се набројат нејзините денови, па да се претвори во пепел.
Семоќниот Господ нека нѐ зачува од помислата дека без Негова помош и благослов можеме да постигнеме некое добро!
Денешното евангелие нека ни послужи како поука и опомена, таква суетна помисла да не се зачне во нашата душа. Токму денешното евангелие зборува за тоа дека сите трудови на луѓето се залудни ако Господ не помогне.
Христовите апостоли додека сами ловеа риба, ништо не уловија.
Kora Христос нареди мрежите уште еднаш да се фрлат во морето, се фати толку риба, што и мрежите се кинеа.
Пренесено од книгата “Омилии” Недела осумнаесетта по Духовден