„…Пишуваш дека понекогаш чувствуваш болка во градите која ти создава тешкотија и гушење. На тоа, дете мое, обрни големо внимание.

Една е болката од жед за молитва, а другата произлегува од некој повод и небрежност.

Понекогаш, пак, душата во себе чувствува болка и кога не е лишена од молитвата. Тоа значи дека треба повеќе да се присилуваме на молитва.

Тоа е најава дека ни доаѓа некое искушение. Затоа треба добро да се вооружиме.

Понекогаш, меѓутоа, значи и дека некој друг има потреба за молитва. Се подразбира кога некој ќе напредне во науката на молитвата тој тоа го знае.

Кога тоа ќе го осознаам, тогаш започнувам молитва за неколкумина за кои знам дека имаат потреба.

Кога ќе дојдам до конкретна личност која посебно бара помош тогаш душата спонтано се излива во огнени солзи.

Тогаш срцето омекнува, исчезнува болката и душата се исполнува со љубов кон Бог, но и кон братот кој бара помош.

Потоа ти се потврдува и од него самиот. Тој исповеда дека во тој час навистина имал голема потреба. Тоа ми се случило повеќе пати.

Таа болка многу се засилува кај вистинските подвижници, кога постои општа потреба во Црквата, во државата или воопшто во целиот свет.

Говореше мојот свет старец (Јосиф) дека во времето на почеткот на Втората светска војна во неговото срце се распламтела таква болка, таков пламен кој наликувал на пламен од камин.

Бил приморан да остави сè и деноноќно интензивно да се моли како никогаш порано.

Сфатил дека нешто сериозно се случува. Набргу стигнала веста за војната.

Ах, тој молитвен пламен на мојот старец, кога тој би знаел колку момчиња спаси од куршуми.„

Претходна статијаДуховната литургија е внатрешно делување на умот!
Следна статијаЗа сетилното и духовното сонце Св. Никодим Агиорит