„Кога ќе се открие човековиот ум, кога ќе се ослободи од робувањето, и кога ќе се прифати делувањето на Светиот Дух, тогаш тоа се нарекува „духовно свештенство”.

Човекот во светилиштето на своето срце служи мистична литургија и постанува причестен со Агнецот во заветите со Бога.

Во тоа духовно свештенослужение, тој на духовниот олтар на својата душа го јади јагнето Божјо додека во исто време и сам се уподобува на Јагнето.

На тој начин добро разбираме дека, кога во нас делува умносрдечната молитва, тогаш се врши и непрестана Божествена Литургија која го поткрепува целото наше битие.

Свети Григориј Синаит пишува: „духовната литургија е внатрешно делување на умот.

Како залог кој му претходи на идното, надумно насладување, оваа литургија ја служи умот, така што на олтарот на душата таинствено се жртвува Јагнето Божјо и станува Причест.

Јадејќи го Јагнето Божјо на духовниот олтар на душата, не значи само да го разбереме или да станеме причестени, исто така, и да се уподобиме за во идниот век.

Овдека нам ни се даваат зборовите на таинството, но се надеваме дека таму ќе ги примиме во нивната суштина”.

MPC OA

Претходна статијаТројца старци!
Следна статијаАх, тој молитвен пламен на мојот старец…!