Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов. Затоа љубовта е давање, а не барање.
Оној што бара нешто од другиот, ја губи слободата. И љубовта.
Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов.
Затоа, љубовта е давање, а не барање… Тоа е мислата-водилка.
Кога еднаш ќе ни стана јасна – во сила, целиот живот ќе ни го промени. Светлина.
Вистинската слобода и вистинската љубов немаат почеток и крај.
А даруваната вистинска слобода и даруваната вистинска љубов, кои се слободно и љубовно прифатени, можат да имаат почеток, но никогаш нема да имаат крај – стануваат беспочетен бескрај.
Љубовта е секогаш слободна, а слободата е секогаш љубовна.
Одземете ѝ ја слободата на љубовта и одземете ѝ ја љубовноста на слободата, и од нив нема да остане ништо.
Затоа, деца, љубете и не барајте да ви возвратат со љубов. Бидете слободни и љубовни.
Барањето да ви возвратат со љубов веќе ја ограничува вашата љубов, и таа паѓа.
Барањето да ви возвратат со љубов не е љубов, и вие не сте слободни, туку сте робови на своето самољубие. Љубовта која не бара е слободна љубов, таа е неограничена и не зависи од ништо.
Љубовта која не бара е вечна, таа нема крај, таа никогаш не завршува.
Тоа е божествена љубов. Слободната љубов на крајот и ќе победи, затоа што ќе му остави доволно простор и време на љубениот слободно да ѝ одговори со љубов.
(Митрополит Наум)