ЗНАЧЕЊЕТО НА НЕНАДЕЈНАТА СМРТ
Ненадејната смрт е страшно нешто. Таа е меч на гневот Божји за нашите гревови. Богатиот човек бил користољубив, слуга на телото и страстите.
Тој потполно заборавил на смртта, на бесмртноста на душата и на Бога.
Тој co своето срце се прилепил кон земните блага, за префинетите јадења и пиења, и починал како човек кој ја изгубил верата во Бога, како човек кој пред телесната смрт умрел co душата, не како разумен човек, туку како неразумно животно.
Поради сите тие гревови, богатиот човек, по наредба Божја, починал co ненадејна смрт…
Да, погубна е за душата ненадејната смрт! Бидејќи во каква состојба ќе нè затекне смртта, во таква ќе остане до век. По смртта ниту човек co добродетели не се преобраќа во порочен, ниту пак, порочниот во добродетелен…
Ние несреќните, непрестајно грешиме, и гревот нас постојано нè следи.
Bo раскажувањето на преподобниот Варлаам за преодниот век, го зборува следното.
“Овој краткотраен човечки живот сличен е на човек кој не може да го поднесува страшното рикање на разбеснетиот носорог, па бега пред него. Бегајќи, паѓа во голем ров.
При паѓањето, тој се фатил co рацете за едно дрво и застанал на една жила од дрвото за кое се држел. Штотуку замислил дека е спасен, забележал два глувци, еден бел и еден црн, како го нагризуваат коренот од дрвото на кое тој стоел.
Погледнувајќи во длабочината на ровот, долу забележал страшна змија, од чија уста излегувал пламен и кoja чекала да го проголта. Фрлајќи поглед на земјата на која тој стоел, забележал четири змиски глави, кои се појавувале од ровот покрај неговите нозе.
Потоа забележал дека од гранките на дрвото за кое тој се држи излегува по малку мед.
Тој започнал да ги набљудува ѕверовите околу себе: разбеснетиот носорог, устата на змијата, дрвото за кое се држел, кое било готово да падне и нозете што се лизгале кон бездната. При сето тоа измамен од сладоста на медот, почнал да го јаде.
Сето ова, слично е на животот.
Носорогот кој нас непрестајно нè брка, е смртта. Ровот е светот, исполнет co секакви смртоносни замки.
Дрвото кое постојано го нагризуваат двата глувци, е нашиот живот, кој постојано се смалува co промената на денот и ноќта.
Четирите змиски глави го симболизираат телото, составено од разнородни стихии, кои се борат една co друга и го рушат телесниот состав.
Најпосле, огнената змија го претставува пеколот, кој co отворена уста ги очекува да ги прими сите оние кои овоземните блага ги поставиле над вечното блаженство.
Капката мед ја претставува сласта на овоземните блага, почестите и славата.
Знаејќи го ова, да не се врзуваме за привремените блага од овој свет, ненадејната смрт да не нè покоси и да не нè одвлече во пеколот.
Да стекнуваме духовно богатство, кое ќе ни обезбеди – Небесно царство.
Кога човекољубивиот Господ ќе ни испрати неизлечива болест, таа како велегласна труба ни ја јавува пораката Господова:
“Човеку, подготви се за идниот живиот!
Тогаш човек ќе почуствува дека се разделува од oвој свет, дека сега не вредат земните добра. Роднините и пријателите тогаш го повикуваат духовниот отец (свештеникот), болниот да се покае и да ги исповеда своите гревови и преку светата тајна причест да се соедини co својот Спасител. Без сомневање, тогаш постои надеж дека таквиот може да се спаси.
Ho, кога ненадејно, како некој ураган, смртта го покосува животот, во најголемата сила и здравје и во часот на грешење, каква надеж може тогаш да има за спасение?
Каде е тогаш покајанието? Каде е исповедта? Каде е поправањето?
Ниту роднина ниту пријател, ниту свештеник тогаш можат да помогнат, дури и ако од сè срце тоа би го сакале.
Секоја несреќа, секоја жалост и зло, кога ќе се случи ненадејна смрт, многу потешко и убиствено делуваат на нас, отколку кога претходно човек е известен за несреќета, која ќе го снајде.
Тој тогаш ќе се погрижи или од неа потполно да се ослободи или да ја намали нејзината тежина или ќе се подготви храбро да ја дочека.
Тоа исто можеме да го кажеме и за нашиот живот. Смртта несомнено е неизбежна и страшна и не е можно да се подготвиме за неа претходно – да ги направиме своите земни работи и да се погрижиме за душата своја.
Ослободувајќи се од сите земни грижи, да ја приготвиме и да и’ олесниме на својата душа co покајание, исповед на нашите гревови, да се ослободиме од грижата на совеста и да се соединиме во светата тајна на причесната, co Христа Господа.
Потоа, во нашето срце ќе се всели надежта во милоста Божја, чезнеење за покој во Царство Божјо, кое ќе ja намали тагата или потполно ќе ja потисне тагата, заради разделбата co светот.
Ангелите, милостиви и светли, ќе нè опкружат тогаш и ќе ги протераат демоните далеку од нас. Тие ќе ја ублажат горчината на смртта, ќе го оттргнат душевниот страв и co радост ќе ја прифатат нашата душа.
Блажен е оној, кој ќе се удостои за таков среќен крај!
Кога ќе нè снајде ненадејна смрт, насред нашите безаконија, колку таа ќе биде страшна и погубна?
Ние тогаш би сакале, co сета сила на душата, чувствата и мислите, да ја избегнеме, но нема каде да се побегне. Би сакале пред смртта да направиме распоред на нашиот имот, но нашите мисли се мешаат и исчезнуваат.
Сакаме да се покаеме, да ги исповедаме нашите гревови пред свештеник, но нашиот јазик не нè слуша, па и самата уста ќе се затвори и ние co горчина ќе почувствуваме дека умираме co гревови и одиме во место каде што владеат ѓаволот и неговите слуги.
Мрачните и немилостивите демони ќе ги изобличувааат нашите дела и co тоа ќе ги мачат нашите души. Најпосле, душите наши ќе се разделат од нашите тела во неопишани маки.
Тешко на човекот, кој на таков начин го завршува својот живот! Тоа секако е онаа смрт, за која пророкот Давид рекол: “зла смрт го снаоѓа грешеникот” (Псал. 33, 21).
Ние не само што не знаеме кога ќе дојде часот на смртта, туку не знаеме ниту каков ќе биде нашиот кpaj; дали тивок и мирен, или ненадеен и наеднаш?
Дали ќе нè предупреди co некои знаци или ќе нè изненади, како крадец во ноќта?
Дали ќе ни даде време за покајание или ќе нè грабне во моментот, среде нашето безаконие? Сето тоа за нас е неизвесно.
Зошто е тоа така? Тоа, човекољубивиот Господ, така го уредил заради нашето спасение. Бидејќи неизвесноста на смртниот час раѓа страв, a овој, пак, – воздржување, a воздржувањето, пак, одвраќа од грев.
Понатаму неизвесноста за смртниот час предизвикува внимание, а тоа, пак, желба, која е прв чекор кон добродетелите…
Земниот живот не е вистински живот на земјатата, туку непрестајна борба помеѓу животот и смртта и ние се колебаме помеѓу нив, приклучувајќи се кон едниот или кон другиот.
Ако правилно го оцениме нашиот краток живот на земјата и го споредиме co неизмерната вечност, ќе видиме, дека за нас единствено е корисно правилното употребување на земниот живот, односно подготвување за вечноста.
Така за земниот живот учи и Словото Божјо:
“He бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
Продајте си ги имотите ваши и давајте милостиња!
Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и каде молец не го јаде; зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
Нека ви биде крстот стегнат и светилата запалени! Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом ќе дојде и почука.
Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни кога ќе си дојде!
Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, пa ќе пристапи и ќе им служи.
А ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги! Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопат куќата.
И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!
Кој е тој верен и мудар слуга, кого го поставил неговиот госиодар над своите слуги, за да им дава потребна храна на време?
Блазе на тој слуга, чиј госиодар, кога ќе дојде, го затекне така да постапува! Вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот.
Ако, пак,
тој слуга рече во срцето свое, ‘Нема скоро да дојде мојот господар’!, пa почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и да пие и да се опива, господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во кој не очекува, и во час што не го знае, пa ќе го оддели и ќе го постави меѓу неверните’ (Лука 12, 32-41, 42-47).
Од последните зборови Господови, јасно се гледа дека смртниот час е неизбежен и неизвесен, дека смртта доаѓа ненадејно, како крадец во полноќ!
Пренесено од книгата “Задгробни тајни” од игумен Антониј
Пренесе и подготви Мина Даниловска