38.

24 јануари 1949 г.

Me радува што тежнееш кон она што единствено е потребно. Труди се да не го гаснеш духот. Бракот не треба да те збунува, бидејќи тој од Бога е благословен. Сепак, настојувајте бремињата еден на друг да си ги носите и така да го исполнувате законот Христов. Господ нека ве измудри!

Секако, светот си го бара своето: напори, трчањето и грижите негови, инакви не можат да бидат. Ако при тоа имаш сеќавање на Бога — за тебе ќе биде доволно; според мислењето на светите отци, молитвата и сеќавањето се едно исто.

А, ако најдеш време, би било убаво, колку можеш, да прочиташ од Евангелието и од апостолските посланијa и да размислуваш за оваа долина, нашето привремено престојувалиште — за животот исполнет co жалости, смрт и за идниот вечен живот. Господи помилуј!

Страшно е и да се помисли — на тој живот кој нема крај. Иако овде станува понекогаш многу тешко, сите ние, несреќни, стенкаме под товарот на најразлични неволји, но тие постојано некако се менуваат, a таму нема да има никакви промени.

Страв ти е од твојата недостојност и од мноштвото твои грешења? He заборавај, Господ Исус Христос ја прими нашата плот (тело) и бил потполн човек во сè, освен во гревот, не заради праведниците, туку заради грешниците.

Слава, Господи, на Твојата милост!

Господ, знаејќи ја нашата слабост, ни го даде лекот на покајанието. Според законот на духовното знаење, колку повеќе напредува човекот во духовниот живот, толку повеќе ја согледува својата грешност.

Свети Петар Дамаскин пишува:

„Ако човекот ги согледа своите гревови, недобројни како морската песок, тоа е знак на духовно здравје”.

Кај таквите чувства, очајанието нема место, а душата на човекот се преисполнува co умиление и љубов кон сè што е живо на земјата.

Блажени се луѓето кои тоа го доживуваат. Ваквата состојба и расположение на духот му се дарува на човекот од Бога за најдлабоко смирение и се нарекува безстрастие.

Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаЗа (не)простувањето / (Злопамтењето е живот во ропство)  – Отец Гаврил
Следна статијаГоспод да чува да си заминеш од мажот! Трпи и моли се! ( Писмата на Валаамскиот старец)