Писмо 37.

12 јануари 1949 г.

Христос помеѓу нас! Го добив твоето писмо и побрзав да ти одговорам.

He очајувај, не паѓај co духот, успокој ce.

„Co кого не биле гревот и несреќата?”, вели една руска изрека. Фарисеите ја донесле пред Христа жената фатена во прељуба и My рекле:

„Учителе, што ќе наредиш да направиме co неа” (прочитај во Евангелието според Јован 8, 3 – 11).

Господ да чува да си заминеш од мажот! Трпи и моли се! Господ по Своето милосрдие, ќе ти помогне да го пребродиш тој немил настан.

Твојот маж многу се смирил, плаче и те моли за прошка. Според заповедта Божја, ти прости му и никогаш повеќе не прекорувај го и не споменувај му го тоа искушение.

Нему му е доволен срамот што си го затекнала на местото на престапот; тоа му е многу тешко да го поднесе. Господ нека му помогне!

He ожалостувај го и труди се пред него да бидеш весела, co тоа ќе го олесниш неговото душевно мачење. Светиот апостол вели:

„Бремињата еден на друг носете си ги и така исполнувајте го законот Христов”.

Ако постапиш така, молитвата ќе ти е подобра. Светите отци пишуваат:

„Покриј ги гревовите на ближниот, па и Господ ќе ги покрие твоите гревови”. Секако, тоа co него се случило во пијана состојба, нешто слично му се случило и на праведниот Лот. Прочитај ја во Библијата книгата Битие глава 19, 30 – 38 стих.

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаСтрашно е и да се помисли — на тој живот кој нема крај…! (Валаамските старци)
Следна статијаДушата е од Бога, па затоа и кон Бога се враќа!