Дома Духовна литература О, какво страшно ќе биде тоа Негово второ доаѓање!

О, какво страшно ќе биде тоа Негово второ доаѓање!

0
1890

… ЗА СТРАШНИОТ СУД…

Ќе дојде Синот Божји во сета слава Своја и сите свети Ангели со Него.

Беа времиња кога Царот на небото и на земјата Господ Исус Христос доаѓаше за да не спаси: ќе биде време, кога Он ќе дојде, за да ни суди.

О, какво страшно ќе биде тоа Негово второ доаѓање!

Страшен ќе биде и за небото и за земјата и за ангелите и за луѓето!

Страшен ќе биде за небото,

зашто тогаш сонцето ќе потемне и светлината своја ќе ја изгуби,
и месечината ќе згасне и потемне,

а ѕвездите , пак, како лисја ќе паѓаат и небесата како одора ќе се овештаат и како

облека ќе се свиткаат и изменат…

Сите од Адама до крајот на светот, родените и умрените, на сите времиња и од сите краеви од светот на гласот на трубата на Архангелот – ќе оживеат со своите души и ќе застанат на суд.

Тоа се нарекува Воскресение на мртвите!

Воскресението Христово било слика на нашето воскресение од гробот и смртта.

И нема смрт веќе за праведниците, а за грешниците има, зашто доаѓањето нивно во темнината вечна и мачењењто – тоа за нив е втора смрт, од која никогаш нема да се избават.

Зошто ни е тогаш животот, ако со својата немарност Го изгубиме за навек?

Шти ни вредат нам убавите дворови и намештаи кога сето тоа ќе изгори?

Кога ќе загрми Старшниот Суд, тогаш горко ќе се каеме што не сме се каеле и молеле и исповедале и постеле и причестувале и добри дела чинеле, но сето тоа доцна .

Тогаш загинатите деца ќе ги проколнуваат родителите свои што не ги учеле на верата и стравот Божји, а родителите поразени ќе бидат со очајанието гледајќи ја погибелта на децата свои.

Младината ќе ги проколнувата страешините свои и учителите што не ги задржувале од лоши дела.

Немарните христијани ќе ги проколнуваат свештениците Божји што не ги учеле на законот Божји.

Најблиските пријатели еден со друг ќе се проколнуваат што се задоволувале еден со друг со валкани страсти.

Најужасно страдање ќе овладее со душите на непокајаните грешници.

Од неподносливото страдање и жалост ќе викаат тие по бреговите и горите:

Паднете на нас и покријте не! – но, ниту горите, ниту бреговите нема да ги сокријат.

Тие ќе посакуваат да умрат и да се уништат себе си, но смртта ќе побегне од нив, смртта веќе нема да ја има, освен мракот и вечните маки.

Тоа е втората смрт – смртта на душата , зашто е оддалечена од Бога од Кого што вистинскиот живот на луѓето им доаѓа.

Ава ГАВРИЛО Ралетиначки текст од “Беседе о страшном суду”

Превод: Мирјана Мина Даниловска