НАУКАТА ТРЕБА ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ ЗА ДУХОВЕН ЖИВОТ

Сето зло потекнува од умот, кој се врти само околу науката, притоа целосно оддалечен од Бога. Затоа ваквите луѓе не наоѓаат внатрешен мир и рамнотежа.

Но кога умот се врти околу Бога, луѓето и науката ја користат за свој внатрешен напредок и за добро на светот, затоа што умот тогаш е осветен.

Старче, значи ли тоа дека науката не му помага на човекот?

Науката многу помага, но знае и да предизвика конфузност. Познавав многу бистри луѓе, а учеа малку. Оние што co наука го поматиле својот ум, а потоа co Божјата благодат го разбистриле, секако, имаат повеќе алат за работа.

Но ако не го осветиле алатот – не го осветиле знаењето – можат да го користат само за световни активности и дела, но не и за духовни.

Сепак, ако продре во нив грижа по Бога, брзо го осветуваат. Оние што првенство му даваат на своето внатрешно образование, образованието на душата, користејќи го надворешното образование за внатрешното, брзо духовно се преобразуваат.

Ако уште и се подвизуваат духовно, тогаш на многумина им помагаат, затоа што го извлекуваат светот од пеколната напнатост, водејќи го во рајската радост. Овие Божји луѓе често, иако имаат помалку дипломи, можат повеќе да помогнат затоа што изобилуваат co благодат, а не сo хартии /дипломи/.

Светот е преполн co гревови и потребни се многу молитви и живи примери. Банкнотите се само многу букви на хартија, а нивната вредност зависи од тоа дали имаат покритие. Значи, потребен е труд во „рудникот” на душата.

Се сеќавам, во манастирот Есфигмен имаше еден старец, толку прост, што Вознесение мислеше дека е некоја светителка. Ја вртеше бројаницата и говореше:

„Светителко Божја, моли го Бога за нас! Во една прилика се разболе некој брат од /манастирскиот/ старечки дом, а старецот немал што да му даде да јаде. Слегувајќи по скалилата, го отвори прозорецот што гледаше кон морето, ја испружи раката кон морето и рече:

“Светителке моја, Вознесенко, дај ми една риба за братот”.

И во истиот момент – о чудо! – една голема риба скокна од морето право во неговите раце. Оние што го гледаа тоа останаа вчудовидени /запрепастени/.

Старчето ги гледаше и се смешкаше; како да сакаше да им рече:

„Па што чудно видовте?” Ние демек нешто знаеме, знаеме кога се слави некој светител, како некој друг светител страдал и се мачел, како и каде се случило Вознесението, но сепак, ниту една, макар мала рипка не можеме да добиеме!

Тоа е онаа чудесност на духовниот живот што не може да ја прифати логиката на оние образовани луѓе што внатре во себе се имаат – само себе, затоа што негуваат бесплодно, духовно болно овосветско знаење, на кое му недостасува Светиот дух.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаСувото знаење штети! (Поука од старец Пајсиј)
Следна статијаО, какво страшно ќе биде тоа Негово второ доаѓање!