ЗА ДАВАЊЕТО
Вие давате малку кога од богатството свое давате.
Само кога давате од себе, вистински давате.
Зашто , што се богатствата ваши освен нештата кои ги вардите и чувате од страв да не ви затребаат утре?
А утре – што утрешнината ќе му донесе на претпазливиот пес кој ги закопува коските во песочното беспатје, следејќи ги аџиите до светиот град?
……….
Има такви што даваат ситнеж од изобилството што го имаат – и го даваат тоа за да се прослават пред други, и таа нивна потајна желба ги обезвреднува даровите нивни.
А има такви што сосем малку имаат, а даваат се`.
Тие се верници на животот и на дарежливоста на животот, и нивниот амбар никогаш не е празен.
Има такви што даваат со радост, и таа радост им е награда.
Има такви што даваат со болка и таа болка е нивното крштевање.
А има и такви што даваат без да ја запознаат болката на давањето, не бараат радост, ниту давајќи добрината ја имаат пред очи.
Тие даваат како што во блиската долина, миртата мирисот низ просторот го предава.
…………
Често велите, „Би дал но само на оној што заслужува.“
Стеблата на вашиот овоштарник не велат така, ниту стадото по вашите ливади.
Тие даваат за да живеат, зашто задржувањето е растурање.
………….
(Извадок од „ПРОРОКОТ“ од Халил Џубран)
1