Дома Молитви Боже, очисти ме мене грешниот и спаси ме!

Боже, очисти ме мене грешниот и спаси ме!

0
1504

По 1-такатизма,

Трисвето. Пресвета Троице: Отче наш:

И овие тропари, глас 1 :

Откако јас блудниот бев зачнат во беззаконија, не се осмелувам да погледнам кон небесната височина, но имајќи смелост пред Твоето човекољубие, повикувам:

Боже, очисти ме мене грешниот и спаси ме.

Ако праведникот едвај се спасува, каде ќе се појавам јас, грешниот?

Иако не ја издржав тежината и маката на денот, но co наемниците од единаесетиот час присоедини ме Боже, и спаси ме.

Слава: Спасителу, побрзај да ми ги рашириш прегратките на Отецот, бидејќи мојот живот блудно го потрошив; но гледајќи на богатството од Твоите добрини, кое не може да се потроши, и сега не презирај го моето осиромашено срце, зашто кон Тебе Господи, умилно повикувам:

Згрешив пред небото и пред Тебе.

И сега:

Пресвета Дево, Надеждо на христијаните, Бога, Когошто си Го родила надразумно и неискажливо, моли Го непрестајно co ангелите, да ни даде поправање на животот и прошка на гревовите на сите нас, коишто секогаш co вера и љубов те почитуваме.

Господи помилуј, 40 пати и молитвата:

Владико Седржителу, Недостижен, Почеток на светлината, Духовна Сило, Кој си Отец на Ипостасното Слово и Го исходиш Твојот Единосилен Дух, заради милосрдната добрина и неискажлива благост, не си ја презрел природата на човекот, која е опфатена од темнината на гревот; но co Божествената светлина на Твоето свето учење, преку Законот и Пророците го осветлуваш светот, и Кој потоа благоволи co плотта да ни Го објавиш Твојот Единороден Син и да не’ упатиш кон светлината на Твоето просвештение.

Слушни го гласот на нашето молење и дај ни Боже, нам, кои го очекуваме доаѓањето на Твојот Син и наш Бог, како Судија на сите, да ја поминеме сета ноќ од сегашниов живот co будно и трезвено срце, за да не задремеме и заспиеме, туку да бидеме бодри и подготвени за извршување на Твоите заповеди и да влеземе во Неговата радост, каде што гласот на оние што празнуваат не престанува и неопислива е сладоста на оние што ja гледаат неискажливата добрина на Твоето лице, зашто си Добар и Човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

Пренесено од книгата “Псалтир”