72.
11 октомври 1953 г.
Писмо до истата
Ти сакаш навечер времето да го поминуваш сама и духовно да се средуваш. Да, ноќта помага при усредсредувањето, jac исто така го сакам тоа време. Наоколу потполна тишина и тогаш некако особено ја чувствуваш близината на својот Господ.
При молитвата, како што пишуваш, ти се појавува топлина во душата.
Тоа Господ на нам грешните ни дава да вкусиме некоја утеха за да не паднеме co духот во нашите молитви и трудот. Кога ќе дојде топлината, треба да се задржиме на тие чувства додека не поминат.
Само ти самата не треба да им тежнееш. Ако се трудиш поусрдно, по Божја милост, топлината во срцето ќе ти се јавува почесто.
Само не замислувај дека нешто големо си придобила и од другите тоа чувство скриј го.
Ако уште нешто ти се јави при молитвата, пиши ми!
73.
14 јануари 1954 г.
Писмо до истата
Го добив твоето писмо.
Ете, повторно си болна, во жалостите паѓаш co духот! Немој многу да тагуваш, твоите болести и жалости не се случајна појава, туку се испратени од Бога, а нам недостапна ни е Неговата света грижа за нас грешните.
Ако Господ толку се грижи за птиците (Лк. 12, 6), можно ли е тебе да те заборави?!
Твојата голема и сложена операција се одрази на твојот организам, „земните лекари не ти помогнаа”, како што пишуваш.
Јас ти советувам сега да се обрнеш кон Небесниот Лекар на нашите души и тела, кон Господа.
Кој е твојот духовник таму? Замоли
За жал, свештениците кои живеат во светот, некако не co задоволство тоа го прават, но ти замоли ги, можеби ќе се согласат.
He би било добро сега да дојдеш кај нас: сега е ладно, а ти си болна; тоа се трошоци и губење на време.
Господ нека биде застапник на твојата душа и тело.
Амин.
74.
12 март 1954 г.
Писмо до истата
…Господ, по Своето милосрдие, ти дал да вкусиш, па макар и трошка, од тоа „колку е добар Господ”, како и на св. апостоли на таворската гора, кога св. aп. Петар рекол:
„Добро ни е овде.” Сепак, знај дека понекогаш мора да се биде и на Голгота.
Ѓаволот не се крева против ништо толку колку што се крева против молитвата! Понекогаш дејствува преку луѓето, па се создаваат разни клевети; понекогаш, пак, раѓа сувост во срцето, мрзливост и многу други работи.
Ha тоа те потсетив за да не паднеш co духот кога ќе дојде до тоа да почнеш да ги вкусуваш споменатите работи. За својата внатрешна жалост и утеха не треба никому да му се кажува, освен на духовниот отец. Неискусните во духовен живот, можат да ја извртат духовната работа.
Труди се никого за ништо да не осудуваш, a за омразата и расправиите самата знаеш од искуство. Ако си co некого скарана, Господ нема да ти ја прими молитвата. Сето Свето Евангелие зборува за тоа.
Еве yштe нешто: внимавај да не помислиш дека си постигнала нешто големо, а другите тоа наводно не го знаат!
Па, имало и такви подвижници, кои биле вознесени во оној другиот свет и ја виделе славата на светиите: луѓето ги прославувале, а тие добиле големо мислење за себе, ги совладала ѓаволска гордост, паднале од духовната висина и воделе распуштен живот, служејќи за потсмев на луѓето.
Господ нека те сочува тебе и твојата ќерка!
Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”