70

Писмо до болната

22 февруари 1953 г.

…Си напишала дека си недостојна за таквото мое расположение. Ho, судот Божји не е и човечки суд. Можеби пред Бога сум недостоен за твоето расположение кон мене грешниот.

Еве, по Божја милост, тешката операција помина среќно, иако се’ уште не си закрепнала и се чувствуваш прилично лошо. Што да се прави?! Мора да се трпи, потпирајќи се на Божјата волја!

Ќе се молиме вака:

„Ти Господи, Кој се’ знаеш, Ти ја знаеш нашата човечка немоќ, жалостите и потребите и пред да Те помолиме, и ние веруваме дека ни влакно од главата не ни паѓа без Твојата волја. Благоизволи да ни дадеш нашиот живот да го проживееме според Твојата волја, бидејќи ние, грешните, не знаеме што ни е корисно!”

Me предадоа нозете, двете ми се болни. Кога би видела како станувам наутро, како дете кое учи да оди, потоа се ослободува и — одам! Напорно ми е да служам, се причестувам во олтарот.

Сепак, се’ уште сум бодар! Одам на сите служби, само што се’ повеќе морам седејќи да ја слушам службата и да се молам. Впрочем, св. отци рекле дека Господ, иако по нужност, седиш, ќе ја услиша твојата молитва.

A ако и стоиш и се молиш, но расеано, Господ нема да ја прими твојата молитва, бидејќи вниманието е — душа на молитвата (преп. Варсонуфиј Велики, 506).

Можеби налето ќе дојдеш кај нас, тогаш ќе поразговараме за она што единствено ни е потребно, а ако умрам, посети го мојот гроб и помоли се за упокојување на гревовите на мојата душа.

Го повикувам Божјиот благослов! Господ и Царицата Небесна нека те варди!

77.

9 август 1953 г.

Писмо до истата

Христос помеѓу нас!

Јас во потполност сочувствувам co тебе во твојот душевен немир, тебе сега те вознемируваат и гревови од младоста. Ѓаволот, непријателот на човечкиот род, ти влеал страв од тоа да ми го откриеш своето болно срце кога беше во манастирот.

Така станува секогаш: кога човекот прави грев, мисли — ќе добие утеха, но по правењето на гревот, напротив, доаѓаат голема жал и мака на духот и несреќната душа се прпелка како риба исфрлена на брегот.

Тоа е тешка состојба и го доведува човекот скоро до очај. Во такви тешки мигови би било убаво да се посоветува co искусен човек, кој, секако, без сомнение, би можел да помогне.

Нема таков грев што би го надвишил Божјото милосрдие и гревовивте од целиот свет се како рака песок фрлена во море. А ти пишуваш:

„Дали Господ ќе ти опрости?” Си станала свесна за своите гревови и си се покајала, Господ ти опростил и нема да ги спомене твоите гревови. Во тоа биди уверена (пр. Езекил).

Во минатиот тежок период, твојата несреќна душа се намачи, плаќајќи данок за гревот, но сега биди спокојна и благодари My на Бога за Неговото свето милосрдие.

Исусовата молитва и сеќавањето на Бога Бог подеднакво ги прима. При твојот начин на живот чудесно е да се има сеќавање на Бога. Умната молитва треба да се учи под раководство на опитен човек, кој таа работа ја знае од искуство.

Господ нека те варди! Молам за твоите свети молитви!

Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”

Ќе продолжи….

Подготви М. Д.

 

Претходна статијаЗа идентитетските прашања !
Следна статијаСепак, знај, дека понекогаш мора да се биде и на Голгота… (Поуки и за нас – од писмата на Валаамскиот старец)