ДВА ТИПА НА ЛУЃЕ НА ИСПОВЕД

Стои еден човек – исповедник непосредно пред исповедта, а пред неговите мисли проаѓа целиот негов живот.

Се потсетува и се кае; денес се успал, станал половина час подоцна и не стигнал да ги прочита утринските молитви, дури и крвчето заборавил да го целива…

Се каам, Господи, смилувај ми се и прости!

Вчера одејќи по патот, во брзање за малку ќе ја превртев количката со бебето и силно ја удрив старицата – се каам, Господи!

Во текот на денот тие и тие луѓе ги навредив и ги налутив со зборови и со дела, сакајќи и несакајќи во знаење и незнаење – се каам, Господи!

Милица неправедно ја казнив, а Јована беше немирна и заслужи казна, а јас дури не ја ни опоменав – се каам Господи, смилувај ми се и прости ми итн.

И колку повеќе се вдлабочува во својот живот неговото срце станува со се` поголема скрушеност. Му се чини дека е полош и од разбојникот и од блудницата.

„Разбојникот“, мисли тој, „со крв го платил својот грев, а јас живеам во благосостојба, а делата не ми се ништо подобри од неговите…

Еве, на пример, вчерашниот случај…

И` купив на жената цвеќе, сакав да и` го честитам именденот, да ја израдувам.

Ненадејно во пресрет ми доаѓа Тања со непознато момче. Почнав да се правам важен пред неа, како момче и` поделив многу комплименти и и` го натрапив букетот. Кутрата, како само се збуни…

Добро, пред себе си можам да се оправдам со тоа што таа многу добри дела има направено за нашата фамилија и достојна е за уште повеќе внимание, а на жена ми и` купив друг букет.

Но, не е работата во тоа! Зошто не бев тактичен, внимателен, буден… Подоцна дојде кутрата, целата во солзи. Вели, младоженецот и` направил сцена.

Ја запрашал: кој беше тој?

Не знаев што да му одговорам….  Тешко мене, о, Господе!

Направи да не бидам расеан, ѓаволот да не прави од мене своја играчка и да не ги прави своите сплетки и интриги преку мене проклетиот.

Каде е моето воздржување?

Каде е почитувањето на законот, денот на воздржувањето? Кутра сопруго моја! Со моите страсти те влечам во адот. Моли се за мене, најмила, слаб сум…

Стои тој така и чувствува вистинска скрушеност во срцето.Не забележува како го притискаат, го туркаат, како го газат…

Потполно се вдлабочил во себе си, во својата телесна обвивка, заради внатрешната работа врз својата душа, врз своето срце, што е возможно повеќе да ги исчисти.

Од длабочината на срцето излегува извик:

„Спасителу! Не Ти приоѓам за тоа што можам да ти принесам цврста, непоколеблива вера, со срце полно со надеж и понизност.

Не! Доаѓам за тоа што немам ништо, само рани сум цел и што би сакал повторно да се облечам во облека светла, во облека чиста.

Господе, не оставај ме. Сило моја! Побрзај да ми помогнеш!“

Стои така тој, исправен како свеќа пред Бога, жалејќи што литургијата брзо заврши….

Ваквото покајание, секогаш е плодотворно, го исправува животот.

Вториот, пак, човек – исповедник стои така и се мачи со телото и душата. Тој не знае што е тоа да се работи врз себе, ниту пак сака да знае.

Зошто, вели, да се обременувам со непотребни грижи? Човек порадосно живее ако не мисли на некои свои гревови. Целата грижа на овој човек се содржи да си се насладува на празните помисли, желби од световниот, земниот живот, само не за молитвата.

Богослужбата толку тешко му паѓа. Дојде во храмот да се исповеда и да се причести со Светите Христови Тајни и да ја исполни должноста на православниот Христијанин од надвор, а не заради внатрешната потреба на срцето.

Не е навикнат и тешко му е уште да стои во црквата, еве го како мрмори:

„Зошто свештеникот е бавен и сеуште не почнува со исповед?….А, што ти пред мене застана?… Дојде последна!…

Малечок, што па ти овде стоиш и ми пречиш? Ти немаш гревови!“

Што ли овој кутар човек ќе добие со исповедта?

Ќе го исполни само обредот, но како и дотогаш ќе биде далеку од покајанието, а од храмот ќе си отиде со истите хаотични чувства со кои и дојде во храмот; ќе остане необновен и неисцелен.

Искрено многу ми е жал за ваквите луѓе, исто како што му е на човек жал за потполно слепите луѓе.

Меѓутоа, телесното слепило е минливо, како што е минлив и нашиот живот на земјата, па затоа не е толку страшно и опасно, колку што е ДУХОВНОТО СЛЕПИЛО, кое што засекогаш ја уништува душата!!!

(Од „Покајанието – Пат во царството Божјо)

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаЗаради Твојата љубов, Господи мој, и јас таму да бидам…! (За смртта – Старец Порфириј)
Следна статијаОД УМОТ ДО СРЦЕТО Мирјана Даниловска – Мина (автобиографска исповед на автоpот)