линк до романот Од умот до срцето 

 

(Автобиографска исповед на авторот)

Се служи ли на двајца господари и на Бога и на Мамона? Што заедничко имаат светлината и темнината?

„Видовитиот човек ќе ви изгледа како најголем добротвор, жив светец, Божји пратеник, човек со ангелско лице и добри намери. А како поинаку би биле прелажани и држени во зависност?

Понекогаш, лукавиот, уште повеќе, ќе му вметне во устата на видовитиот со таква прецизност одредена информација – време, час, место на настанот – што вие ќе останете без здив. Тоа и јас го правев безброј пати. А како поинаку вие би се враќале повторно кај истиот „спасител”.

Постепено, тој ќе ви стане идол, за него ќе прераскажувате, ќе му се восхитувате, ако треба, ќе се борите со сите негови неистомисленици. Па така, не знаејќи што правите, ќе се претворите во дел од една слепа армија, со слеп водач, со кого заедно, кога и да е, сигурно ќе пропаднете во бездната на богоотпадниците.

Ќе ви откријам и некои други замки. Некои од нив „добрите дела” ќе ги прават бесплатно, сериозно убедени, повторно од лошиот дух, дека се месии, избраници од Бога (само кој Бог?), а тоа е за нив позначајно од парите. Вие, пак, наивните ќе заклучите: „Не зема пари, па тоа е Божји човек!”

Каков полн погодок! Заведен „месијата”, заведени и вие. Со еден удар – две муви. И двете задоволни и убедени дека умираат за Вистината!

Каков грев е, пак, баењето, правењето магии и гледањето пред икони, за да се заведат и верниците ако може!? Аман, ве молам, не правете го барем тоа! Премногу е опасно за вашата душа. Оставете ги, барем, иконите на мира, за она што им е единствената намена: вистинска молитва кон Бога и ништо повеќе.

Така, подалеку од иконите, продолжете си ја вашата мисија, ако е тоа ваш дефинитивен избор.

Постои една позната изрека: „Не слушајте гаталец, слушајте паталец!

Целата книга читајте ја тука