ЗА БЛАЖЕНИОТ ПАВЛЕ ПРЕПРОСТИ, УЧЕНИКОТ НА СВЕТИ АНТОНИЈ

1. ОТЦИТЕ раскажуваат дека еднаш Павле Препрости отишол во некој манастир да ги види браќата и да им биде од корист. По вообичаениот поздрав, тој отишол co нив во црквата на служба.

Застанувајќи пред вратата на црквата, тој го гледал секого што влегувал за да види co каква душевна состојба влегува. Тој имал дар од Бога да гледа каква е душата на секој, како што ги гледаме ние другите однадвор.

Бидејќи видел дека сите имаат прекрасен изглед и светло лице и дека нивните ангели се радуваат поради нив, и самиот се радувал и му благодарел на Бога.

Потоа видел дека влегува некој чиј изглед бил црн и чие тело целото било потемнето. Демоните се наоѓале околу него и го држеле цврсто, влечејќи го за синџирот што му го имале ставено, а неговиот ангел го следел оддалеку, целиот тажен.

Поради таа глетка старецот почнал да плаче и да се удира по градите, па седнал пред црквата неутешно оплакувајќи го братот, кого го видел во таква состојба.

Забележувајќи ја неговата ненадејна промена, т.е. дека плаче полн co болка и длабоко потресен, браќата му се приближиле и го прашале за причината и го молеле да оди co нив на служба. Старецот, пак, не ги послушал , туку останал надвор, оплакувајќи го братот.

По завршувањето на службата браќата почнале да излегуваат. Павле повторно ги гледал сите, сакајќи да види кој во каква состојба излегува.

Братот кој при влегувањето му изгледал црн, co потемнето тело и кој бил окружен од демоните, тој го видел дека од црквата излегува co блескав изглед и светло тело, додека демоните го следеле оддалеку.

Светиот ангел, пак, бил до него, следејќи го полн co радост. Поради неочекуваната глетка, Павле скокнал изненаден и co радост го славел Бога, воскликнувајќи:

„О, неискажливо човекољубие и благост на нашиот Господ.” И брзо се искачил на највисокото скалило и извикал:

Веднаш сите се собрале да слушнат што има да каже. И преподобниот Павле им раскажал што видел при влегувањето и при излегувањето на братот од црквата.

Потоа од него побарал пред сите да каже за својата промена. Братот, не притеснувајќи се, раскажал за себе:

„Јас сум грешен човек и до сега живеев во блуд. Меѓутоа сега, кога влегов во Божјата света црква, јас ги слушнав зборовите на пророкот Исаија, или подобро да речам, Го слушнав Бога, Кој преку него вели:

Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро…

Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам… Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни. (Иса. 1,16-19)

Откако го слушнав реченото, јас доживеав покајание, длабоко воздивнав му се обратив на Бога:

‘Владико Господи, Боже наш, Кој си дошол во светот да ги спасиш грешните, она што сега го вети преку зборовите на Својот пророк, исполни го на мене грешниот и недостојниот.

Јас ти давам збор, срцезналецу Боже, дека се одрекувам од секое беззаконие и срамни работи чиј роб бев досега. Co Твоја помош јас никогаш повеќе нема да ги повторам, туку целиот живот, co сета своја сила, ќе ти служам Тебе, нашиот човекољубив Господ’.

Co тие ветувања јас излегов од црквата, решен да ги исполнам на дело co помош на благодатта одозгора.”

2.  НЕКОЈ старец рекол:

„Ако поцрни, калајот може повторно да стане светол. И верните, после помрачувањето поради гревовите, можат повторно да засветат ако се покајат. Од таа причина верата може да биде споредена co калајот.”

(Доброслов)

 

Претходна статијаМолитва, покајание и милостиња….(„Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин! )
Следна статијаДали да славиме празник во неосветена црква?