Здраво!

Сакам да прашам дали е во ред да славиме празник (панаѓур), меѓутоа црквата не ни е осветена??

И второ ве молам ако може нешто подетално да ни кажете за славите и “гозбите” што ги правиме во денешно време. Дали се најважни? Како е најправилно да славиме?

.Благодарам

Одгвор на отец Горан:

 

Не знам за кој точно храм станува збор, но славењето е во Литургијата, кога треба и ние да земеме учество претходно, исповедани, со пост и молитва и благослов за причест, само така светотаински реално празнуваме.

Тоа е најважно, соборот и собирот околу Путирот, а потоа со ум Христов надвор од храмот!

Претходна статија„Дојдете да видите колку се страшни и прекрасни Божјите дела.” (Доброслов)
Следна статијаСекое причестување примај го како да ти е последно…!