ОД СТАРЕЧНИКОТ
ЕДЕН старец живеел во таканаречените пустински ќелии, кои се наоѓале надвор од Александрија. Тој бил гневен и малодушен. За него слушнал еден млад брат и направил завет пред Бога, велејќи:
„Господи, за се’ што направив во светот јас ќе отидам и ќе живеам co старецот, служејќи му и успокојувајќи го.” Старецот секојдневно го псуел како куче. Гледајќи го смирението и трпението на братот, по шест години покорување на старецот, Бог во сон му покажал некој кој држел голема хартија, која половината била избришана, а половина испишана.
Он му ја покажал на братот, говорејќи: „Види, Владиката Бог избриша половина од твојот долг. Подвизувај се и за остатокот.”
Близу до него живеел еден друг духовен старец. Тој знаел за братот и слушал како старецот го навредувал и неправедно го мачел, и гледал како братот постојано му правел поклони, при што старецот не се смирувал.
Кога и да го сретнел братот, тој духовен старец го прашувал:
„Што се случува, чедо мое? Како помина денешниот ден? Дали нешто стекнавме? Дали нешто избришавме од хартијата?”
Доколку се случело денот да помине без пцовки, или без плукање или без да биде избркан од старецот, тој навечер одел кај старецот сосед и плачејќи говорел:
„Тешко мене, аво. Денес имав лош ден: ништо не стекнав, туку спокојно ми помина.”
По шест години, братот се упокоил. Духовниот старец кажувал дека го видел заедно co мачениците и дека co многу смелост го молел Бога за својот старец, говорејќи:
„Господи, Ти се смилува над мене преку него. Затоа и него помилувај го поради твојата голема милост и поради мене, твојот слуга.”
И по четириесет дена го зел и старецот крај себе во местото на покојот.
Ете каква смелост стекнуваат оние кои поднесуваат страдања и понижувања заради Бога.
Пренесено од книгата “Доброслов” Прв том (Триесет и седми наслов)
Подготви Мина Даниловска