Светиот Никодим Светогорец, повикувајќи се на сведоштвата на Макариј Хрисокефалос и на Григориј Акрајанитски, вели дека Христос според човечката природа прими три раѓања, т.е. првото од Девата Марија, второто од Крштението и третото од Воскресението.
И во трите раѓања е наречен првороден, бидејќи при првото раѓање е првороден помеѓу многуте браќа по заедницата на телото, при второто е наречен првороден на новото создание, а при третото првороден на мртвите. Ако обрнеме внимание, ќе констатираме дека четириесет дена no овие три раѓања, по овие три Господови настани, следел значаен настан.
Четириесет дена по раѓањето, беше принесен во Храмот, co што го имаме празникот Сретение. Четириесет дена no Своето крштение во реката Јордан, го победи ѓаволот во оние три искушенија.
А четириесет дена no воскреснувањето, се вознесе на Небесата и на Својот Отец My ja принесе првината на нашата природа.
Секако, Христос би можел да ја вознесе човечката природа на Небото веднаш по Своето воскресение, но не го направи тоа за да не изгледа дека Воскресението било фантазија (привид).
По Своето воскресение, Христос им се јави на учениците, направи чудеса и ја утврди нивната вера, така што ги направи сведоци на Воскресението. Ha тој начин, откако го разреши подозрението на фантазијата и го наведе она што се однесува на доаѓањето на Пресветиот Дух и на Неговото вознесение, ги направи гледачи (сведоци) на Своето вознесение (свети Атанасиј Велики). На тој начин имаме едно нелажно сведоштво на овој Божествен настан.
Христос од големо човекољубие и љубов се смирува и ја прима слабоста на човечката природа. Како што ги зеде сите таканаречени непорочни страсти, така ја прима и слабоста на човечката природа и прави се’, се унижува, co цел да го спаси човекот.
В
Господовите настани не се одделуваат меѓу себе, ниту се разликуваат по вредност. Сите Господови празници се спасителни настани на Божјиот домострој, бидејќи преку нив Христос го устрои спасението на човечкиот род.
Христос се вочовечи, поучуваше, пострада, воскресна и се вознесе. Постои едно чудесно единство помеѓу сето тоа. Вознесението е последниот Господов празник, т.е. тоа е завршетокот на Благовештението и на Рождеството.
Сепак, отците прават лесна, по икономија, споредба помеѓу празниците. Велиме пo икономија, затоа што ако Христос не се вочовечеше, тогаш немаше да се случат Воскресението и Вознесението. А ако не воскреснеше, тогаш залудно ќе беше вочовечувањето.
Светиот Епифаниј, епископ Кипарски, анализирајќи ги величината и вредноста на празникот Вознесение, вели дека многу луѓе, Го видоа како се вознесува на Небесата и гледаа кон Небото за да се информираат за крајот (Макариј Филаделфиски).
Секако, повторно треба да забележиме дека сите Господови настани се единствени и никој не може да вреднува еден како подобар од другиот. Меѓутоа, аналогно co учеството во нив од страна на човекот, гледаме некоја разлика.
Затоа што при напредувањето во духовниот живот, и според степенот на подражавањето на Христа, постои едно нагорно движење. Прво се раѓаме во Христа, потоа страдаме заедно co Христа, па ја победуваме моќта на ѓаволот и воскреснуваме, и на кра] можеме да го живееме и обожувањето. Токму празникот на Вознесението, отците го поврзуваат co обожувањето на човекот.
Низ оваа перспектива светиот Григориј Палама вели дека Воскресението е поврзано co сите луѓе, а Вознесението е поврзано само co светителите. Тоа се вели од аспект дека co Своето воскресение Христос ја победи смртта и на сите им го даде дарот на воскресението.
Сите ќе воскреснат во денот на Христовото второ доаѓање, и праведници и грешници, но нема сите да се вознесат. Само праведниците, обожените, ќе се удостојат co тој голем опит. Апостолот Павле исповеда:
А прво ќе воскреснат мртвите, потоа ние што сме останале живи, заедно co нив ќе бидеме грабнати на облаците за да се сретиеме co Господа во воздухот (I Сол. 4, 16 -17).
Така, сите ќе воскреснат, но само праведниците ке се вознесат, ќе бидат грабнати на облаците за да Го пресретнат Христа, Кој ќе доаѓа од Небесата. Тоа покажува поголема заедница и единство co Heго. Затоа и од сотириолошки аспект Вознесението се смета за поголем празник, токму затоа што оној што учествува во Вознесението, учествува во обожувањето.
Од учењето на светите отци, што претходно го изложивме, јасно се гледа дека суштината и смислата на празникот не се само христолошки, туку и антрополошки. Христос, co Своето вознесение на Небесата ја вознесе нашата човечка природа.
Впрочем, сета цел и севкупното дело на Божјиот домострој лежат во тоа да не не’ ocтави долу на земјата, туку да не’ воздигне на Небото, бидејќи таму е нашето вистинско спасение и таму ќе го уживаме најслаткото созерцание на нашиот највозљубен Владика (свети Никодим Светогорец).
Зборувајќи за слегувањето на Бога од Небото на земјата, не го подразбираме Неговото просторно преместување, туку Божјото снисхождение, секако, без да го остави Својот престој и сопрестолноста co Бога – Неговиот Отец. Cera, co Своето вознесение не ја издигнува Божјата природа, бидејќи секогаш бил соединет co Бога – Неговиот Отец, туку rope ja востоличува нашата природа, која ја прими (свети Григориј Палама).
Според тоа, co Вознесението го празнуваме востоличувањето на нашата природа на Небесата. Co воскресението и вознесението на човечката лрирода, истовремено го празнуваме и почетокот на воскресението и на вознесението на секој верник.
Затоа, кога некој учествува во Христовото Вознесение, не е веќе земен човек, од земјата, како првиот човек, туку човек од Небото, како што е вториот човек, односно Христос (свети Григориј Палама).
Фразата дека Христос, откако се вознесе на Небесата, седна оддесно на Бога (Мк. 16, 19), произлегува од символичката теологија и сака да го покаже Божеството на Логосот Божји, дека Христос како Бог секогаш бил единосуштен co Својот Отец, но и како Богочовек ја вознесе нашата човечка природа на Небото и ја направи богоподобна.
Според светиот Јован Дамаскин, фразата оддесно на Отецот ја означува славата и честа на Божеството. Значи Синот ја има славата на Божеството, што ја има и Отецот, но iio воплотувањето на Синот и no вознесението на човечката природа и таа учествува во славата на Божеството и на Христа My се поклонува како на Богочовек целата твар.
Така, оддесно на Отецот е единството no суштина на Синот co Отецот, бидејќи Синот ја има истата суштина или природа co Отецот. Големо значење има глаголот што се употребува, т.е. седна. Co овој глагол, кој укажува на востановување, се поима, како што вели светиот Василиј Велики, утврденоста и статичноста на природата. Значи, Христос ја има истата природа co Отецот, без да трпи никаква измена. Останува Бог во веки.
Така, седна оддесно на Бога укажува на источесноста на достоииството.
Суштината и смислата на празникот се многу големи и возвишени. Ако co Воскресението беше победена моќта на смртта и на ѓаволот, тогаш co Вознесението нашата природа се издигна на престолот Божји и ни се даде можноста да достигнеме и ние во доживување на Вознесението, што е обожувањето.
Пренесено од книгата “Господовите празници”