Дома Духовна литература Се покорувам, посрамен, поплавен од покајни солзи…!

Се покорувам, посрамен, поплавен од покајни солзи…!

0
582

ОБМИСЛИТЕЛОТ И СОЗДАТЕЛОТ НА ПОСТОЕЊЕТО И ВЕЧНОСТА И ЧЕСТИЧКАТА ОД МОМЕНОТ

….Мугри, зазорува, се будам отварам очи – па мижурам, полека се  извлекувам од постела, станувам се тетеравам, чекорам без рамнотежа полусвиткан, се напрегам да му се оттргнам на сонот и да се исправам , да притиснам на преинувачот и да се вклучи светлото,…да го допрам крстот во собата, да се прекрстам и целивам па да речам:

”Господи, капни капка од Твојата Пречиста Крв,во моето од страсти исушено срце и исцели ме…па да го почнам денот со утринските (молитви)…

Одеднаш во главата еден привид на космос, многу галаксии и една помисла; само сум ,еден момент , од сето тоа…

Се сепнувам, уште недоразбуден, од каде ли помислава? Што ли правеше душава моја додека телото ми мируваше ,спиеше?…

,А мојот ум?! Уф, си го познавам нема такви длабочини ,височини…

Денот тече…помислата не ми излегува од главата размислувам со малечкиот ми и ограничен ум:

”Море каков момент, не сум ни честичка од моментот “ А, што си дозволувам?

Си дозволувам себељубие, горделивост, суетност, прејадување, опивање, празнословие, оговарање, униние, мрзливост, непослушност, препирање, осудување, негрижа, алчност, скржавост, лакомост, похота, лажње, завист, гневење, злопамтење, омраза, исмеавање …,сетилни гревови ,со вид ,слух ,вкус, мирис ,допир и други гревови духовни и телесни…..мало искушение и паѓам, се лутам во душата, ако ме навредат,понижат, искористат, кукам , лелекам во себе, му се обраќам , му се лутам – штоми е животот беден, што ме заборавил , што не ми помага, што сум болен, што сум паднал на испит на факултет, што ми наплатиле колку што нетреба…секојдневни искушенија….

Еееееј малечко, ништожно и безпомошно човече, кој си бре ти да беседиш со БОГА ?!

Еееј кој е БОГ-која големина,-непојмливо создавање на постоењето на вечноста…

.Почнувам во душата да ја сваќам, мојата безначајност, маленкост, просто се срамам што постојам ваков недостоен, разгален, беден, грешен а Бог ме љуби, се грижи за мене, ме води, има промисла за мое спасение, ми помага, ми испраќа, анѓели-војски негови, мене – мушичката, да ме избават од невољи духовни и световни…

Се срамам…., се срамам.., ронам солзи, грешен сум во дела, во зборови, во помисли,…со едно искушение ќе се справам-на друго ќе паднам, една страст ќе победам-друга ќе ме совлада, јас паѓам а ТОЈ ме дига, јас паѓам а ТОЈ пак ме дига, и пак …..и пак….

Колку ме љуби – колу е трпелив, колу многу простува, ронам солзи восхитен од грижата на НЕПОЈМЛИВИОТ СОЗДАТЕЛ НА ПОСТОЕЊЕТО НА ВЕЧНОСТА за честичката од моментот….

Си велам отпаѓањето на Сатанаил не траеше вечност,тоа било само момент, помисла, а јас….??? – колку сум и од Сатанаил побетер.

О, Господи , прости ми мене грешниот и недостојниот!!!

И Благодарам , ооох , со болка и срам, Благодарам, што си ме создал, што си ме повикал да постојам…и покајно ронам солзи во душава, оросен со надеж молитвено копнеам , промислено умудриме да ја исполнувам Вољата Твоја, Твојта возвишена воља, исцели ме од страсти и водиме по патеките кон Горниот Ерусалим – Градот на безстрастието – Градот на спасението….

Се покорувам, посрамен, поплавен од покајни солзи.

Води ме кон ме кон вечноста, о Љубов,

безкрајна,безконечна,сеопфатна…!

Автор на текстот:

Честичка од моментот (авторот познат на редакцијата)