„Отче, јас не пушам!“ ми вели едно младо момче.
„А зошто ти тоа ми го кажуваш? – Зарем тоа не е добро? – А зошто е тоа добро?“
Дијалози со децата и три важни совети од архимандритот Андре Конанос.
1. Чекор:
– Да не се оддалечи детето од Бога –
Едно момче во училиштето ми рече:
„Отче, јас многу грешам!“
Јас го прашав:
„А според тебе, во таквите моменти гледа ли на тебе Господ?“
– „Мене ми се чини дека Он дури не сака мене да ме види – се свртува и си оди. И мене така тешко ми станува, толку ми е срам, што јас дури не сакам да одам во храмот, затоа што Бог се оддалечи од мене“.
И во ваков случај, за каков бог им раскажуваме на нашите деца?
На каков бог ги учиме да му се поклонуваат? Ги учиме на бог со име:
„Ти на мене, јас на тебе“, бог на размена и ветување.
Направи го ова и ова, и тогаш Господ ќе ти го испрати тоа и тоа.
Некогаш тоа, навистина „сработува“, но многу поважно е детето да го сфати најглавното:
Кој е Господ, зошто ние Го љубиме, да разбереме зошто и Он нè љуби нас, е гледајќи на нашите гревови и пропусти. Еве што ќе им помогне на децата да бидат со Христос, без разлика на тоа во каква состојба тие се наоѓаат.
Ова е многу важно, родителот да не го оддалечи детето од Бога, без разлика што и да се случи, што и да направи детето.
Огромно значење има тоа, како ние гледаме на гревовите на децата и на нивните паѓања. Ако внимателно се размисли над тоа, зошто ова или она дете престанува да оди во црква, станува јасно дека во неопределен момент, некој во црквата го навредил, оддалечил, не го разбрал, разочарал. Бог не го направил тоа.
Едноставно ние го рзобличуваме Божјиот образ во детското сознание. Како што говорел апостол Павле:
„Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците, како што е напишано“ (Рим. 2, 24).
Детето гледа на тоа како ти живееш и ја губи верата. Ти го караш, навредуваш, го тепаш – и сето тоа во името Христово?
Имено така постапуваат родителите, кои се уверени дека за Бога знаат сè. А како живееле светиите? Зарем тие говореле за Бога така уверено, како што ние денес зборуваме?
Не. И кога родителите ги носеле кај нив своите деца, светиите секогаш им укажувале на родителите на нивните сопствени грешки: отсуство на добри и нежни зборови, категоричност, повишени критериуми…
Ние ги обвинуваме децата за тоа што ние сме го правеле во нивната возраст.
2. Чекор:
– Да му се постават прашања-
Потребни услови во разговорот со детето за Бога – тоа е разбирање и самопознавање. Да-да, самопознавање. Разберете го.
Родителите, кои во младоста направиле многу грешки, а после тоа вложиле многу сили на тоа, за да се вратат на вистинскиот пат, обично се прекумерно строги кон сопствените деца.
Еден старец ѝ рекол на некоја жена која постојано го карала својот син: „Ти си заборавила, каква си била на негова возраст!“ –
„Јас сум друга работа!“ – му одговорила жената на старецот. Се азбира, ти си едно, а твоето дете е друго. Секој од нас има свој пат.
Но, децата кога се во прво одделение пишуваат со грешки, и никој не ги кара, затоа што децата се уште малечки. Така и во животот.
Неизбежно е детето да прави грешки. И наша задача е да бидеме до него и да го поддржуваме, а не да го обвинуваме, да не го оддалечуваме и да не го прогонуваме од Црквата со својот однос.
Многу важно е да се научи детето да изгради сопствени и лични односи со Бога. Овој процес се нарекува индивидуализација, индивидуализирано вероучење.
Токму со таа цел беседите на свештеникот со луѓето кои сакаат да се крстат се нарекуваат огласителни. Огласувањето подразбира усмен расказ за Бога, кој јас го извлекувам од себе.
При овој процес, јас во мислите се молам и всушност, преку мојата уста говори Самиот Господ.
Така е за разговорот со децата. Ние произнесуваме некакви зборови, душата на детето почнува да го слуша тоа, што Господ му го говори преку нашите усни. И во овој момент, треба максимално да ја тргнеме настрана нашата личност, за да не сметаме на овој разговор.
Нека самото дете почне да гради односи со Бога, и не така како штојас сакам, а соодветно на неговите особености – на личноста, карактерот, способноста и гените.
Бог е Еден, но тоа, како ние Го гледаме, тоа е веќе индивидуално.
Како на Света Гора. Таму е една вера, сите Му служат на Едниот и ист Христос, но притоа, секој манастир има свои особености.
Монасите од разните манастири дури по надворешни признаци се разликуваат еден од друг. За некој ќе речат:
„Овој е од Григоријат!“ За друг ќе посочат:
„А овој е од Симонопетра“. Со што се разликуваат овие монаси: нијанси во облеката, кои сигурно ќе ги забележи локален човек, кој ги знае овиедетали, т.е. по надворешниот изглед на монахот може да се определи од кој манастир е тој.
И воопшто не е лошо, ако луѓето, добивајќи исти знаења за Бог,секој тргне по свој пат. Во Црквата расцветува секој, и нека талентите и способностите на секое се пројават со полна сила.
Не треба децата да се обвиткаат во асфалт, за сите да бидат еднакви и да размислуваат како што размислувам јас или, пак, како учителот по веронаука.
Во никој случај. Дури и кога самото дете нешто нарекува грев. На пример, јас во таквите случаи прашувам:
– А зошто ти мислиш дека тоа е грев?
– Не знам.
– Не знаеш. Тогаш, зошто велиш дека тоа е грев? Ти си размислувал ли некогаш за тоа?
– Но мене ми се чини дека тоа не е грев…
– Еве гледаш, ти веќе го смени своето мислење!
3. Чекор:
– Да се направи така, детето само да се замисли Со други зборови, детето не треба да ги повторува моите зборови,како папагал. Важно е да знае, зошто ова или она е грев-
„Отче, јас не пушам!“ ми вели едно младо момче.
„А зошто ти тоа ми го кажуваш? – Зарем тоа не е добро? – А зошто е тоа добро?
– Не, но вие сте свештеник! Зарем вие не сметате дека тоа е правилно?
– Тоа е правилно, но јас сакам да разберам, дали знаеш ти зошто е тоа правилно“.
Друго младо момче ми вели:
„Отче, јас немам девојка. Јас сосема не разговарам со девојки.
– А зошто?
– А затоа што не треба!
– Зошто не треба?“
И толку е, слепа улица. Нема одговор. Разговорот е завршен.
„Отче, се прави заклучок дека, треба?
– Не, јас нема да ти кажам тебе, треба, или не треба“.
Во нашето време, важно е да се умее да се направи така, човекот сам да се замисли, а не да му се даваат некакви готови рецепти. Во спротивен случај, детето ќе „голта таблетки“, повторувајќи сè по ред,а само што ќе излезе во светот, со него ќе може да се направи сè што ќе се посака.
Сега многу наши деца заминуваат на студии во Англија, Германија, Америка. И кога тие се враќаат од таму како сосема други луѓе, родителите се ужаснуваат.
„Каков беше, каков стана!“ А имено, тоа се тие деца, кои овде биле како ангели. Но, поточно кажано, ангели, но кои биле без сознание.
Тие не осознавале што прават кога растеле тука, – едноставно,повторувале по возрасните. А така не смее да се прави.
Неопходно е да се дава отчет на себеси за тоа, зошто ние постапуваме така или поинаку, а не едноставно да копираме некое однесување.
Само така можеме вистински да се приближиме кон Бога. А така,нема готови решенија во воспитувањето на децата.
Превод од руски јазик:
М-р Александар Ѓорѓиевски
Извор: Православна Светлина