КОГО ОПЛАКУВАШ?
Ја прашaв солзата – која си Ти?
Од кој извор таговна радост носиш ?
Ако само мене ме оплакуваш, да пресушиш за век!
И дојди ми како болка,
кога за другиот болуваш,
дојди како радост,
кога со другиот се радуваш,
дојди како утеха, кога другиот го тешиш
дојди спасителна, кога другиот го спасуваш,
дојди света, кога другиот го просветлуваш!
Дојди ми и тогаш кога болеста ја миеш,
дојди за гревот да се стопи,
дојди кога на крстот се распнувам,
дојди, кога на чистота ќе се заветам,
дојди ми како ветре умиление…
Името ти се откри…
Дојди ми солзо Слово-славна
Од Изворот Источник си – дојди!
М. Даниловска