ЗА СОВЕСТА И СОЛЗИТЕ

Мораме да знаеме дека нашиот инструмент, кој се нарекува совест, е многу нежен инструмент. Понежен и од дамскиот часовник, нели?

Co дамскиот часовник нема да собирате дрва. Тој ќе се расипе. Неговиот механизам ќе се оштети. Така е и co вашата совест. И најмалото беззаконие на совеста се одразува како на огледало.

Тоа е глас на Светиот Дух. Ете зошто и најмалото насилство над нашата волја и совест се зема за тежок грев. Понекогаш вршиме насилство над себеси, нели?

Познато ни е дека се случуваат такви работи. Ние просто се тераме себеси на грев, се наговараме, се присилуваме. Иако нашата волја и нашиот внатрешен глас, кој се нарекува совест, протестираат.

Колку само животот би бил прекрасен кога луѓето би ја слушале совеста, нели? Тогаш не би имало потреба ниту од полиција, ниту од судии, ниту од затвори – од ништо. Луѓето би внимавале едни на други. И би се плашеле од гревот. Гревот е навреда кон Бога. Значи, љубовта кон Бога е страв да не се навреди Бога.

– Совест имаат и неверните луѓе?

– Секако. Тоа е својство што Бог како природен закон го дарува на сите луѓе уште од раѓање. Но кај неверниците совеста е многу груба и слабо развиена, додека совеста која е осветена co Светото Крштение и co другите Свети Тајни станува чувствителна, нежна, префинета.

И колку повеќе ја очистуваме својата совест преку покајание и солзи, таа станува се’ почувствителна. Затоа угодниците Божји биле толку чувствителни и на љубовта и на гревот. Во тоа е и смислата на усовршувањето.

– Старче, а доколку човечката совест е помрачена, од каде треба да се почне? Може ли чистотата на совеста да се очисти?

– Секако. Треба да се потрудиме во Светата Тајна покајание да го искорнеме од корен гревот и не само co покајание да отидеме кај свештеникот, туку и да постиме недела до две, да читаме покајни канони или Исусовата молитва и покајното правило.

Да го оплакуваме гревот и да молиме за помош да не се повтори. А тогаш треба да отидеме кај свештеникот и уште еднаш да се покаеме. Така преку Светата Тајна во човекот се вселува осветувањето, a гревот и навиката самите од себе паѓаат во заборав и повеќе не се повторуваат.

– Старче, а зошто во наше време постот повеќе не стои на прво место, туку секаде го игнорираат или често пати е само формален?

– Затоа што денес во нас се’ помалку е присутно правилното сфаќање на љубовта кон Бога, личното спасение и вечноста.

– Старче, па кажано е дена постот е мајка на сите добродетели.

– Воздржувањето.

– He треба да го занемариме воздржувањето?

– He! Никако! Тоа е лудост! Ние знаеме какво е покајанието кај неправославните, оние кои не го признаваат постот. Тие никогаш не се обновуваат.

Тие не можат да го остават својот омилен грев. Бидејќи само покајанието, без воздржување, не може да се принесе на Бога. Секој акт на покајание е поврзан co воздржување.

Замисли за момент: ќе се најадеш до ситост и потоа ќе се принудуваш на покајание. Ке постигнеш ли нешто? Никако! Уште повеќе ќе потонеш во грев, бидејќи демоните веднаш ќе започнат да те наговараат да се самосожалуваш:

„Сожали се над себе, што ти е потребно тоа? Оди, касни нешто, закрепни се, одмори се, земи здив!” Бидејќи демоните не дозволуваат да се каеш, а ти ќе ги послушаш и ќе се сожалиш себе.

– А може ли демонот co помош на луѓе да се спротивстави на покајанието? Тукушто човек ќе одлучи да се покае, тукушто ќе започне co воздржување и пост, кога одеднаш од сите страни слуша:

„Ајде одмори, зошто толку постиш, мисли на своето здравје, потребна ти е сила” и така натаму.

– Тоа е затоа што тој по својата гордост си вели на себе:

“Јас ќе се покајам, јас ќе се поправам”. Тоа е она проклето “јас” – гордост – која му пречи.

А смирението започнува сосема поинаку:

„Господи помогни!” тоа започнува од молитвата, нели? Моли се за помош, за да го замразиш гревот. Таа омраза кон гревот, тоа каење и молење: „прости, помогни!” – тоа ќе го преобрати престапникот.

Кај мене, во мојата пастирска пракса имаше блудници кои не можеа да го замислат животот без својата омилена страст, без своето омилено задоволство. Ho, мачени од совеста, бидејќи, сепак, веруваа во Бога, по милоста Божја, доаѓаа кај мене.

Најпрво доаѓаа безволно, се присилуваа на тоа, а потоа постепено се навикнаа на мене, па многу често. За година или две целосно ја оставија својата страст. И co страшна омраза и солзи се сеќаваа на она што било. He на конкретни настани, туку воопшто, дека им се случувало такво нешто.

Една од таквите сега е монахиња, и тоа каква монахиња. Голема. Јас јa замонашив. Никој не би ни помислил дека некогаш била таква. Бидејќи покајанието не само што лекува, туку и го обновува човекот. Но демонот клевети и наговара никогаш да не отстапиш од гревот. Тоа е демонско убедување!

Имав еден голем крадец. He можеше да не краде. Но преку покајанието стана чесен човек. Врати се’ што украл и се покаја. Ете. Тоа е доказ дека искреното покајание е можно. Co упорност и постојаност и надеж. Бог му прости.

Денес е среќен човек, прекрасен човек. Никогаш не мисли за она што било, бидејќи омразата кон гревот го излечи од стравот дека Бог никогаш нема да му прости. Господ се’ му прости од моментот кога ја замрази таа желба, да зема се’ што е туѓо. Но секако, се бореше многу долго, често доаѓаше кај мене, во било кое време и дење и ноќе.

Демоните му досадуваа: ме мразеше и клеветеше, но слушаше. Го исполнуваше она што го барав од него: првин се молеше, а потоа врати се’ што земал.

Простувањето доаѓа поради постојаниот плач, заради постојаното покајание или од силината на оплакувањето, од солзите.

Велам: солзи, а не вода од очите. Кога станува збор за солзи, тука се мисли на срцето, т.е. кога срцето плаче, а не вода низ очите. На водата од очите често пати и не треба да и’ веруваме. Таа доаѓа од суетата, од себесожалувањето, од себељубието! Но, постои и водичка која ја нарекуваме солзи.

Тоа е кога срцето веке ќе се очисти од страста на гордоста, па започнува да плаче co вистински солзи. Тие солзи доаѓаат од срцето и се појавуваат кај големите луѓе.

Зборував дека не беа доволни по две до три марамчиња за една Литургија. А познавав еден епископ, владиката Серафим, кому секогаш му додаваа марамчиња.

Тоа покажува колку нежно и свето срце имал. И колку ги сакаше луѓето, колку знаеше да се радува co света радост и да тагува и плаче поради туѓите страдања. Тој всушност и немаше личен живот. Се’ им припаѓаше на другите. Дочека длабока старост, ослепе од солзи, но и така слеп имаше дар на прозорливост.

По име им се обраќаше на оние што му пристапуваа и им ги знаеше помислите. По завршувањето на литургијата тој би седнал на стол, свештеникот ќе му додадеше крст и тогаш сите приоѓаа да го целиваат тој крст, а тој на секого ќе му кажеше по нешто, она што беше потребно: или некаква мисла или нешто за несреќата или за радоста.

Ипоѓаконите се преморуваа, бидејќи додека владиката не заврши, црквата не се затвораше. Литургијата ќе завршеше околу 11-12 часот, а владиката ќе останеше се’ додека не му пристапи и последниот од присутните. А беше просто невозможно да не му се пристапи. Ете колкава беше силата на благодатта од СветиотДух.

Владиката имаше секретар кој имаше навика силно да ги треска вратите. И никогаш не го опомени поради тоа.

„Ваше високопреподобие, простете ми, малку задоцнив. Простете што ви одземам од скапоценото време”. Старецот веднаш ќе се смиреше. А кога тој ист секретар се упокои ненадејно, владиката плачеше три дена како мало дете. Каква љубов! Умре неочекувано, тој секретар, инаку фин човек, протоереј. Го познавав добро. My бев потчинет. Но, требаше само да се види како угодникот Божји се смируваше пред него. Тоа е особина на светост. А знаеше за секој трик на секретарот.

Само ќе речеше: „Зошто отче, зошто? Немојте така” – и тоа ќе беше ce’.

Трес! И ќе го искине листот: „Ова ќе оди во корпа”. Под масата имаше цела корпа co листови. „Земи ја корпата, полна е” – и во печката. Легнуваше да спие во пет наутро.

Јас во шест се симнав од возот: но знам дека штотуку легнал и не сакам да го вознемирувам. Ќе ме сретне домаќинот кој го чисти дворот и ми вели:

“Старче, владиката штотуку заспа, само што го изгасна светлото;’.”А мене ми треба време да пристигнам од станицата пеш, бидејќи, тогаш немаше такси, ниту некој друг превоз. Тој штотуку легна! Знам дека синоќа примаше до 11. Потоа испи чај и замина во ќелијата да чита молитвено правило.

Така цела ноќ ја поминуваше во молитва. Во пет часот си легнуваше, а во 11 или 12 веќе пиеше чај. Јак чај пиеше: “Сега примам. Повикајте ги луѓето”. Да. Зачудувачки работни способности имаше. А постеше – страшно, страшно!

Во понеделник, среда и петок – ѓеврек со чај. Ете тоа. Таквите луѓе живеат со силата од Светиот Дух; тие ниту самите не знаат од што живеат. Никакви лекови, ништо! Во сабота служеше сеноќно бдение. По Литургијата ги примаше луѓето до пет попладне, а во недела навечер не примаше никого. На сите поголеми празници и недела – два акатиста во црква. Во манастир не сакаше да оди, одеше само еднаш годишно.

Мене ми велеше:

„Јас ништо не знам за монаштвото, тоа вие старче сами видете”. А беше магистер по богословие. Тогашен магистер, а не денешен. Беше ректор на Волоканската богословија каде што учеше Храповицки, митрополитот Антониј. Колку само беа мудри! Што се’ не знаеја! Староеврејски, грчки и латински – како мајчин јазик. И уште еден современ јазик. Догматиката ја изучуваа на старогрчки. Сите тие замрсени догматски формулации – сето тоа најточно го преведуваа од староеврејски и старогрчки. Затоа денес е срамота да кажеш дека си завршил Академија.

И мојот покоен татко секогаш ми велеше: „Јас не знам кој е посилен, ние или вие”. А тој имаше завршено Академија на Генералштабот. Порано Генералштабната и Духовната Академија ги сметаа за еднакво вредни. Какво образование! А татко ми напамет множеше седмоцифрени броеви. Па, сепак, тоа беа многу скромни луѓе: „Што да правиш, мора да се учи”. И ништо повеќе.

Такво скромно мислење имаше за себе и Иван Петрович Павлов. Што се’ не знаеше, а за себе имаше толку лошо мислење како да оди во осмо одделение.

Еве Карпински, мое духовно чедо, тој беше претседател на Академијата на науки. Карпински, геолог. Прекрасен човек, ниско старче. Тој просто беше универзитет што оди. Страшно!

A ce каеше како дете! Толку чисто срце. Зачудувачки лесно примаше се’.

Колку тие знаеја да го ценат човекот! Се случуваше да дојде сиромав. А тие прво ќе го нахранеа, но не во кујната, туку крај себе, на маса. Сиромасите обично ретко се бањаат. Често се и полни co вошки. Но тој не чувствуваше одбивност…“

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Претходна статијаКОИ СЕ ВИСТИНСКИТЕ, А КОИ ЛАЖНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ( … лажниот е тука само во успесите на пријателот) Свети Нектариј Егински
Следна статијаПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ОД СТАРЕЦ КЛЕОПА (Спасителни духовни совети)