Што е тоа молитва?

Ha ова прашање нема да ви дадам некоја дефиниција за молитвата. Ако ги отвориме списите на Свети Јован Лествичник, ако ги отвориме Дамаскиновите дела, ако ги отвориме делата на сите светители, ќе видиме дека секој од нив има преубава дефиниција којашто ќе ни биде од корист.

Меѓутоа, јас сега ќе ви говорам за тоа што е молитвата, гледано од аспект како ja доживуваме преку подвигот на нашата душа, значи, не што претставува молитвата објективно, туку субјективно, онака како што ние ja живееме.

Како ја доживува молитвата некој којшто се моли, и што е молитвата за него?

Пред се’, рековме дека молитвата е одење кај Бога. Бог е меѓутоа, невидлив. Бог е на небесата, a jac сум долу на земјата. Бог е светлина, a јас сум темнина. Знаете колку страшно би било кога би можело темнината да ја уништи светлината…

Ho како е возможно мракот да ја уништи светлината, кога светлината е таа што ја уништува темнината? Токму ние сме на пат нешто вакво да сториме во молитвата. Да ја уништиме нашата темнина co внесувањето на Бога, секако за да влеземе во местото на светлината, за и ние да станеме светли.

Знаеш ли што значи тоа телото да влезе во просторот на духот? Телото кое не го наследува Небесното Царство, да влезе во Бога?

Знаеш ли што значи Бог, Кого никаде не можеме да Го сместиме, да се смести во мојата душа? Во мојата душа за која малку е да се каже дека е мала, туку е претрупана, полна co страсти, барања и желби.

Значи, кога се молам, веднаш ја чувствувам оваа несовладлива препрека којашто ме одвојува од Бога. Тоа што јас сум тело т.е. што сум телесен човек (зборот го подразбирам во неговата евангелска смисла, се подразбира дека имаме и душа), a Toj e дух.

Пред трансцедентниот Бог, пред Неговата светост и светлост, веднаш ја чувствувам својата немоќ. Чувствувам дека не можам ништо да сторам, и дека започнувам страшна борба, една борба која Стариот Завет толку убаво ни ja претставува говорејќи за онаа борба на Јаков, таму, на неговата позната скала.

Би требало јас како мал човек, да ги освојам небесата, да Го заобиколам Бога, да Го победам и да Го направам заробеник на моите желби, моите афинитети (стремежи, копнежи и работи кон кои тежнеам), што ги кријам во својата душа.

Сходно на тоа, молитвата во почетокот, кога почнуваме да се молиме, ја доживуваме како борење, како борба. Но внимавајте, не борба во смисла да ми е тешко да се молам, тоа не е борба кога се трудам да си ги соберам своите мисли, или да го победам сонот, или уморот на своите колена, или кога ми доаѓа да се почешам па не знам што да правам и се трудам да не се почешам.

Борба не во смисла да огладнам и сакам да одам да јадам, па велам: „He, ќе продолжам да се молам”. He мислам на ваква борба, тоа е аскеза, тоа е нешто друго, друга тема; зборувам за борбата што ја водиме не co себеси – ова што го кажавме е борба co себе – туку зборувам за борбата co Бога. Се борам co Бога. Тоа е сосема јасно.

Почнувам битка којашто ќе биде болна, битка која ќе биде бесконечна, бидејќи не знам дали ќе престане во другиот живот – една битка co Самиот Бог. Кога Павле говорел:

„Бидете ми соборци во молитвите” мислел на нешто такво.

Чувствувал дека тој се бори co Бога, било за себе, било за Црквата, која ja беше превзел врз себе и говорел:

„Борете се и вие co Бога во вашите молитви, така што да се обединат нашите борби и така сите заедно да се бориме co Hero, за да би Го победиле”.

Токму како кога не можам да те победам, па доведувам други и ги повикувам на помош, за да можам да одам понатаму.

Значи, првото доживување коешто го имам е доживување на несовладлива препрека, којашто постои пред мене, доживувањето на мојата ништожност, по него следува доживувањето на трансцедентноста на Бога и доживувањето на драматичното борење co Бога.

Замислете еден човек кој co тупаници го удира воздухот; тој не наидува на никаков отпор и може мошне лесно да ги управува своите раце кајшто ќе замисли. Тој удира во празно.

Ништо не му се случува. He чувствува дека било што му се спротивставува на неговата рака. Меѓутоа, кога имаш противник, веднаш ќе се стегнеш. Твојата тупаница одеднаш станува посилна. Гледаш како се стегнуваат мускуклите. Наидуваш на отпор. Чувството дека удираш и дека си удиран. Кога го немам чувството на оваа борба co Бога, сфаќате ли дека се’ уште не сум ни почнал да се молам?

Или да претпоставиме дека сум почнал да се молам и чувствувам дека ми претстои страшно борење co Богa, дека веќе сум влегол во борбата, сум ставил ракавици на својата рака и почнувам да Го удирам Бога.

Тој ми се спротивставува, My се спротивставувам и јас Нему, и веќе е прашање кој ќе победи – Тој или јас. He e возможно ништо друго освен да паднам окрвавен или да Го победам и да ми рече:

„Сега ме победи”. Да ми се предаде како што направил co сите Светии, кои co Hero правеле што сакале. Ако се сопрам (ако застанам), ќе бидам едно скршено суштество, ќе бидам еден засекогаш промашен човек. He можам да кажам дека работам, или живеам или дека се молам, ако не победам во оваа борба.

Дотолку повеќе, ако не сум ja ни започнал оваа борба. Почнувам да се борам co Бога. Ќе се борам co Бога, чувствувам дека оваа борба не ја водам co своите тупаници. He ja водам co своите раце, нозе или co нешто друго, туку ја водам co својот ум.

Ја водам co духот, како што велиме. Ја водам co умственото сетило.

Она што може да се соедини co Бога е мојот дух. Меѓутоа, нашиот дух – „бидејќи се тие”, вели, „тело” – духот станува телесен во мојот секојдневен живот.

Нашиот дух кој има особина да се искачува, да се воздигнува, да се вознесува и да се соединува со Светиот Дух – кога се исполнува и неговата ипостас – тој мој дух се учи да живее во беда, да живее во понизност, во приземност.

И co што се занимава? Се занимава co мојата волја и co неа се напојува: го интересира што ќе јадам, што ќе напишам во документот, како ќе го надминам проблемот што сакаат да изградат патишта на Света Гора, како едно, друго…

И мојот дух станува документ, мојот дух станува пат, мојот дух станува волја, мојот дух станува што било друго. Станува тело! Бидува проголтан од моите душевни сили, и co Бога повеќе ништо не можам да правам! За мене Бог е недопирлив, неопиплив.

Значи, би требало да се обработи мојата духовна сила, духовната природа на моето битие. којашто Бог ми ја подарил, би требало да проговори, би требало да се обработат духовните сетила, наречени, „умствени сетила” бидејќи тие можат да Го почувствуваат Бога и особено она што го нарекуваме „умствено”.

Умот има особина да се стреми кон Бога, и на некој начин да е упатен на Бога, би рекле,за да разговара co Бога. Затоа овде, умот (умствениот дел од душата) би требало апсолутно да се соедини co логичкото, co логосот, како што велиме, за да може целата духовна суштина на моето битие да биде свртена кон Бога, за да биде упатена кај Бога и насочувана кон Бога.

Пренесено од ПРЕМИН, Двоброј 23-24

Претходна статијаБЕСПРЕДМЕТНО Е ДА СЕ МОЛАМ, А ДА НЕ ОДАМ НА ЛИТУРГИЈА!
Следна статија…ЗАШТО КОГА ПРОСТУВАМЕ, ТОГАШ И НАМ НИ СЕ ПРОСТУВА…(да се потсетиме денес на оваа моќна молитва)