декември 1946 г.
За твоите прашања би било добро лично да разговараме, бидејќи во писмо не може се’ да се опише. Така и треба да биде. Кога човекот се набљудува себеси, тогаш: другите му се гледаат добри, бидејќи доброто око на се’ гледа добро, а искривеното на се’ — криво.
Си ја пронашла книгата од преподобниот Касијан, читај ја! Иако е наменета за монаси, одговара и за мирјани. Од таа книга во Добротољубието се сместени вешто избрани изводи во два тома. Ти да ги читаш житијата на светиите, читај ги. Тие многу не’ вдахнуваат нас грешниците. Кај нас се и на трпезата, секојдневно и забележувам кај некои предизвикуваат солзи.
Ете и сама забележуваш дека од посетата на другите и разговорот co нив во човекот настанува тага. По можност, избегнувај ги и воопшто не колебај се! Ако бидат и малку незадоволни, ништо, тоа нека не те вознемирува.
Ти се плашиш од мракот, jac, исто така, но малку се плашам; ете колку сме ние слаби и маловерни кон Божјата промисла. Кога се враќав пешки откај монахињите, требаше да се оди низ шумата пет врсти по мрак.
На едно место ме фати таков страв што низ целото тело ми минаа морници и ушите ми се затресоа, исто како некој да ме следи. Се свртев, се прекрстив и појдов напред: светото оисмо вели: “Стравот не е ништо друго, туку лишување од можноста за расудување”.
Во врска со твојата вознемиреност, светите отци рекле:
„Се’ што се прави co вознемиреност, секогаш доаѓа од демонот”. Приклони се кон крстот и Пресветата Богомајка и ќе биде доволно!
Биди спокојна; погледни го кај св. Варсонофиј 430. Прашање и одговорот и уште 433. прашање и одговорот, во нив и самата малку ќе се пронајдеш.
Кога не можеш да го исполниш сето свое молитвено правило, не возбудувај се, не биди роб на правилото. Придржувај се на правилото на митарот (цариникот):
„Боже, биди милостив кон мене грешната” и секогаш имај сеќавање за Бога — тоа ќе ги замени сите правила. Прочитај кај св. Исак на 136. страница и во Невидливата борба, во вториот дел, 20. глава. Кога ќе се појават солзи, пушти ги да течат, се’ додека не престанат. Солзите се секогаш корисни, не вознемирувај се, знај дека без внимание нема да заплачеш.
Кога си легнуваш, богомисли, мисли за она што го паметиш од Светото Евангелие! Солзите ќе дојдат, нека течат слободно.
Ha исповедта не треба да се трудиме да потечат солзи. Кажи што имаш на совеста и ништо повеќе. Како што се гледа, X. X. е во тешка состојба; за неа треба да се молиме, а не да се лутиме.
Добро е што не обрнуваш внимание и не се мешаш. Господ нека те смири и измудри!
…
Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”