1. 24 октомври 1946 г.
Од се срце ти благодарам за твоите грижи. Слава и пофалба на Бога што ти помогна да имаш мир во душата кон Н.Н.! Господ нека и’ помогне. Само не треба да ја осудуваме.
Книгата на св. Исак Сирин е многу сериозна, неа може да ја разбере точно само оној кој води духовен живот. Ако можеш да ја најдеш книгата на св. Касијан Римјанин, ти советувам да ја прочиташ, особено неговите разговори, бидејќи no малку почна да ги разбираш св. Отци. Добро е тоа што понекогаш разговараше за внатрешниот живот; кога знаеш — можеш и да објасниш.
Кај тебе се појави љубопитство каков глас имал Спасителот. Toј бил совршен Бог и совршен Човек, без грев. Треба да се претпостави дека зборувал како човек, само што во Неговиот говор немало човечка, уметничка красноречивост, туку говорот му бил полн co божествена возвишеност, а кога ги разобличувал фарисеите, треба да се прет постави дека зборувал строго.
Господ нека те варди!
+++
12. 15 ноември 1946 г.
По Божја милост, потполно сум здрав и не треба да одам на лекар. Работата не ме заморува. Тргнувам на работа попладне околу три во шумата да собирам гранки. Тоа е корисно и за телото и за душата.
Од Н. ти се разликуваш и твоето срце не и’ се приклонува. Бог е еден, a патиштата кон Hero ce различни и секој оди по својот пат.
И’ се заблагодарувам на Н. за детската молитва. Детската молитва бргу допира до Бога. Јас добро го паметам нејзиното пеење и приказната за светиот брат.
Одлики на децата се: едноставност, отвореност и природност; ете, Господ ни наредил да бидеме такви; тие црти се својствени на сите подвижници. Ако строго се набљудуваш себе си, ќе видиш: дека си полоша од сите.
Тогаш нема да те повреди ниту оној кој те фали, бидејќи луѓето гледаат само на човековата надворешност, а не го гледаат неговиот внатрешен живот, освен оние кои водат духовен живот.
Молитвата бара борба до последниот час, добро е што тежнееш кон молитвата. Господ нека ти помогне! He гаси си го духот!
Пренесено од книгата `Писмата на Валаамскиот Старец
`