Смислата на животот, празнотијата на безбожниот живот

Во црковните текстови од Светите Отци овоземниот живот е претставен како немирно море. И навистина е таков, co модерниот начин на живот, co трката за успех во кариерата и собирање што е можно повеќе материјално богатство, кое треба да ни обезбеди максимално комфорен и безгрижен живот.

Денес поимот амбициозност се толкува како “газење врз луѓе заради остварување на личните интереси”, а не како лично оспособување и образување за современите општествени потреби.

При тоа, во тоа немирно море, во таа трка no пари, слава и уживање невозможно е а да не згрешиме против Бога и против нашите ближни, па и против себеси.

Гревот (којшто, пак, е промашување на целта во животот, пречка или ѕид кој не’ одвојува од Бога), колку и да го игнорираме, сепак, остава длабоки лузни во нашата совест, во нашето срце и во целиот наш живот.

Колку повеќе ни се таложат гревовите, толку потежок станува нашиот живот, толку помала радост имаме, помала љубов, губиме свест за тоа, што е нормално и природно, а што е ненормално и неприродно и противприродно, се’ додека еден ден сосема не ја изгубиме човечноста и се претвориме во расчовек, подчовек и нечовек, па како диви ѕверови ќе почнеме да се јадеме помеѓу себе за да можеме да преживееме.

Ho дали тоа значи дека нема излез од оваа погубна ситуација?

Се разбира, не. Уште првосоздадените луѓе – Адам и Ева – кога згрешиле, co тоа што нe ja послушале малата заповед Божја и преку тоа отпаднале од заедница co Hero, Бог, сепак, не ги оставил и им дал многу можности за враќање назад, во првобитната заедница co Hero, a преку нив и нам ни ја дал истата можност.

Токму затоа Бог Го испратил Својот еднороден Син, нашиот Господ Исус Христос, Кој прими човечка природа и стана Богочовек, Кој го учеше народот како да верува, му ја објавуваше радосната вест за спасението на светот, Кој ги лечеше луѓето од сите болести, пред се’, од најголемата болест – гревот, Кој иако безгрешен доброволно беше распнат на Крст и на Крстот го распна стариот човек полн co гревови и страсти, и co Својата крв го очисти и преку воскресението ја помири co Бога, ја воскресна и обнови целата човечка природа и и’ даде можност за враќање во љубовните прегратки на Небесниот Отец.

Како средство за спасение, т.е. за враќање во заедница co Бога, Он ни ја остави Својата Света Православна Црква, Која е Тело Христово, а Самиот Христос е Нејзина глава. Во Неа добиваме спасение, светост, Царство Небесно.

Во неа ја откриваме смислата на нашиот живот, а тоа е заедница co Бога, од која произлегува светоста. Како што железото ставено во оган се вжештува и прима својства од огнот, така и ние примаме светост кога сме во љубовна заедница co Бога, затоа што Свет е нашиот Бог.

Тука мораме да го објасниме и поимот среќа, што потекнува од црковнословенскиот поим срешта, сретение и значи радосна средба; значи, среќен е само оној, кој во својот живот Го сретнал Бога.

Оттука е јасно зошто во нашиот живот се чувствуваме несреќни, тажни, депресивни, осамени, без радост и без љубов, затоа што стоиме далеку од Бога, бегаме од Hero, наместо да бегаме од гревот, Го мразиме Hero, а го љубиме гревот.

Значи, дали имаме радост и љубов во животот, во голема мера зависи од нашиот светоглед, од нашиот начин на размислување.

Пренесено од  “Како да се подготвуваме за Светата Причест” на Повардарска епархија, Велес 2012 година

(Продолжува)

Претходна статијаНе се работи за „казна“!
Следна статијаМОЛИТВА на Свети Василиј Велики